Државната изборна комисија на 15 ноември 2011 година оствари средба со делегацијата на ОДИХР, во состав: од г-дин Џулијан Пеел Јетс, шеф на набљудувачката мисија за предвремените парламентарни избори, г-дин Армин Рабитч, постар советник за избори и г-дин Ричард Лапин, советник за избори.
Од страна на Државната изборна комисија се изрази благодарност за поддршката која ја имаше во текот на целиот изборен процес.
Претставниците на Државната изборна комисија истакнаа дека и во иднина во рамките на надлежностите ќе се работи на имплементирање на законската легислатива.
Претставниците на набљудувачката мисија најнапред ги изразија своите честитки за скорешниот избор на Државната изборна комисија посакувајќи им понатамошна успешна работа.
Од нивна страна беше истакната позитивната оценка за целокупниот изборен процес кој го имаат класифицирано во својот извештај. Позитивно беше оценета работата на Стручната служба на Државната изборна комисија, како и работата на сите изборни органи кои активно учествуваа во спроведување на изборите.
Средбата помина во конструктивна атмосфера на која беа истакнати професионалноста, стручноста и одговорноста кон изборниот процес и констатацијата дека последните избори всушност се најдобро спроведени избори во Република Македонија од нејзината независност до сега..
На средбата се поздрави исклучително успешната меѓусебна соработка со желба за продолжување на истата во иднина, а со цел уште поуспешни и демократски избори.
СООПШТЕНИЕ
Државната изборна комисија, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Македонија, организира седум работилници на тема: "Евалуација на одржаните Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија 2011 година". На работилниците учество ќе земат претседателите, замениците претседатели и секретарите на општинските изборни комисии.
Првата работилница се одржа на 28 октомври 2011 година во хотелот "Арка" во Скопје. Следните работилници ќе се одржат во Штип, Скопје, Кичево, Битола и Струмица.
Државната изборна комисија ги известува граѓаните на Општина Сарај дека Јавниот Увид во Избирачкиот список за спроведување на предвремените избори за Градоначалник на Општина Сарај, ќе се одвива во Подрачното одделение на Државната изборна комисија во Карпош и во Месните канцеларии на Управата за водење на матичните книги на територијата на Општина Сарај, и тоа во Сарај, с. Буковиќ, с. Радуша и с. Рашче.
Увидот започнува на 20 октомври 2011 година (четврток) и трае 15 дена заклучно до 3 ноември 2011 година. Заинтересираните гласачи можат да проверат дали се наоѓаат на Избирачкиот список секој ден од 7.30 до 19.00 часот со можност за запишување, дополнување или бришење на податоците од Избирачкиот список. Истовремено можат да се проверат и по електронски пат на: izbirackispisok.gov.mk
Прес конференција на Државната изборна комисија 5 април 2011 година

|
|





