 |
ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ЗА ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - 1 јуни 2008 година- 12 април 2008 година, со Решение на претседателот на Собранието на Република Македонија Љубиша Георгиевски се распишани предвремените парламентарни избори. - 1 јуни 2008 година – Ден на одржување на изборите, - Гласачките места ќе бидат отворени од 07,00 до 19,00 часот, - Се избираат 120 пратеници по пропорционален метод. Резултатите се пресметуваат по Д` хонтова формула. - Од 6 изборни единици се избираат по 20 пратеници, - 1.779.116 запишани избирачи во избирачкиот список или 37.667 повеќе во однос на 2006 година. 1.929 лица се во притвор или се на издржување казна затвор,
542 лица имаат статус на врнатрешно раселени лица.
- 18 подносители на листи - 77 поднесени листи на кандидати 2 листи на кандидати од група избирачи,
2 коалиции поднеле 12 листи на кандидати,
14 подносители на листи на кандидати се политички партии,
- 1540 кандидати за пратеници ИЕ 1 – 16 поднесени листи на кандидати со број на гласачи 295.917 – 429 ИМ
ИЕ 2 – 15 поднесени листи на кандидати со број на гласачи 303.120 – 381 ИМ
ИЕ 3 – 11 поднесени листи на кандидати со број на гласачи 288.585 – 625 ИМ
ИЕ 4 – 10 поднесени листи на кандидати со број на гласачи 289.664 – 558 ИМ
ИЕ 5 – 12 поднесени листи на кандидати со број на гласачи 290.101 – 548 ИМ
ИЕ 6 – 13 поднесени листи на кандидати со број на гласачи 311.729 – 435 ИМ ________________________________
Вкупно запишани гласачи 1.779.116 ОРГАНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕПарламентарни избори во Република Македонија:1990 година - редовни парламентарни избори
1994 година - редовни парламентарни избори
1998 година - редовни парламентарни избори
2002 година - редовни парламентарни избори
2006 година - редовни парламентарни избори
2008 година - предвремени парламентарни избори
|
ПОВТОРЕНО ГЛАСАЊЕ ЗА ИЗБОР НА ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - 15 јуни 2008 годинаНа 15 – ти јуни 2008 година се прегласуваше на 187 избирачки места во ИЕ: 1, 2 и 6 со 161.874 запишани избирачи во избирачкиот список. ИЕ 1 – 28 ИМ – 26.102 избирачи, ИЕ 2 – 40 ИМ – 34.983 избирачи ИЕ 6 – 119 ИМ – 100.789 избирачи
На 14 – ти јуни 2008 година (сабота) гласаа и: 454 лица со статус на внатрешно раселени лица; 180 лица на издржување казна затвор или притвор и Болните и немоќните лица што во законскиот рок се пријавиле во ОИК.
Врховниот суд на Република Македонија ги разгледа следните жалби, согласно член 150 став 3 од Изборниот законик и тоа: од овластениот претставник на ДПА, вкупно 89 жалби, за 176 избирачки места, од овластениот претставник на ДУИ, вкупно 4 жалби, 3 се однесуваа на 10 избирачки места и една за целата изборна единица 6, од овластениот претставник на ТМРО имаше 1 жалба, за Изборните единици 4 и 5, од овластениот претставник на ПДП беа поднесени 3 жалби кои се однесуваа на 13 избирачки места. Врховниот суд ги одби како неосновани.
Врховниот суд на Република Македонија преиначи 11 Решенија на Државната изборна комисија и тоа: по уважени жалби од Демократската партија на Албанците – ДПА, за Општината Тетово, за следните избирачки места 1924, 1927, 1930, 1932, 1937, 1942, 1946, 1948, 1950 и за Општината Теарце за следните избирачки места 2017 и 2018. За наведените избирачки места не се врши прегласување.
по усвоена жалба на Демократската унија за интеграција – ДУИ, избирачкото место број 2012 во Општината Теарце, се поништува и се прегласува.
|
ПОВТОРЕНО ГЛАСАЊЕ ЗА ИЗБОР НА ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - 29 јуни 2008 годинаНа 29 – ти јуни 2008 година ќе се прегласува на 15 избирачки места во ИЕ 1 и ИЕ 6 со 14.551 запишани избирачи во избирачкиот список. - ИЕ 1 – 4 ИМ – 3.778 избирачи,
- ИЕ 6 – 11 ИМ – 10.773 избирачи
Државната изборна комисија, по сила на закон, го поништи гласањето на 4 избирачки места: 1985, 1986 и 1987 во општината Тетово и 2104 во општината Желино. Врз основа на поднесени приговори го поништи гласањето на 8 избирачки места: 2432, 2458 во Сарај, 2036 и 2047 во Брвеница, 0504 и 0505 во Гостивар, 2108 во Желино и 1995 во Тетово. Врховниот суд на Република Македонија ги разгледа следните жалби, согласно член 150 став 3 од Изборниот законик и тоа: - од овластениот претставник на ДПА, 13 жалби, за 80 избирачки места,
- од овластениот претставник на ДУИ, 4 жалби за 6 избирачки места.
Врз основа на жалбите беше поништено гласањето на 3 избирачки места: 2445 и 2446 во општината Сарај и 2039 во општината Брвеница. |
|
|
|
|