Известување за гласачите во странство
По обработката на примените пријави за гласање во странство, Државната изборна комисија едногласно констатира дека 7.258 државјани на Република Македонија кои доставиле пријави ги исполнуваат законските услови за гласање во ДКП, односно конзуларни канцеларии.
Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа и престој во странство и кои поднеле барања за запишување во посебниот извод од избирачкиот список и пријава за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии можат на банерот подоле да проверат дали се наоѓаат на посебниот извод од избирачкиот список за гласање во странство со внесување на бараните лични податоци.
(за проверка кликнете на банерот погоре)
Државната изборна комисија едногласно констатира дека 2.161 државјани на Република Македонија кои доставиле пријави за гласање во странство, не ги исполнуваат законски предвидените услови за гласање во ДКП, односно конзуларните канцеларии поради некоја од следните причини:
- кон поднесеното барање и пријава за гласање не приложиле доказ за престој во странство, а при заминувањето од Република Македонија не се одјавиле, односно не го пријавиле напуштањето на државата согласно важечките законски прописи,
- немаат пријавено последно живеалиште во Република Македонија
Граѓаните кои не ги исполнуваат условите за гласање во странство поради причините од точка еден од ова известување, своето гласачко право ќе можат да го остварат во Република Македонија, доколку на денот на изборите (05.06.2011 година) престојуваат во државата.

