Македонски

 
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 22.04.2014 година.
Истиот е резултат на прво законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи во февруари 2014 година и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 14.03.2014 година
 

Избирачки список

Делегација на Државната изборна комисија предводена од претседателот Никола Рилкоски, а која ја сочинуваа и потпретседателот м-р Субхи Јакупи и Влатко Сајкоски, член на ДИК учествуваше во работата на 23. годишна Конференција на АЦЕЕЕО која од 4-6 септември 2014 година се одржа во Букурешт, Романија. Воедно, во Хотелот  „Мериот“ се одржа и седница на Генералното Собрание на оваа Асоцијација на кое присуствуваа претставници на највисоките изборни органи од сите членки на АЦЕЕЕО и голем број гости.

Годинашната 23. Конференција беше посветена на две теми: Учеството на жените во изборниот процес и јавниот живот и Планирање на изборите.

На втората Пленарна седница на Конференцијата на АЦЕЕЕО во Букурешт свое предавање за „Организирање на општи избори во Република Македонија“ одржа потпретседателот на ДИК м-р Субхи Јакупи со кое предизвика голем интерес кај присутните. Извршниот одбор на Асоцијацијата донесе одлука следната годишна средба да се одржи во Кишињев, Молдавија, а во 2016 година во Љубљана, Словенија ќе биде јубилејната 25. Конференција на АЦЕЕЕО.

 


 

Страница 1 од 19

^