Државната изборна комисија известува дека од 13 март 2016 година – недела во 24:00 часот, опцијата за пријавување на неконзистентни записи во Избирачкиот список на веб страницата на Државната изборна комисија ќе биде затворена. Ова од причина што за пристигнатите пријави е потребно време Државната изборна комисија соодветно да ги обработи, да ги спореди со податоците од вкрстените проверки и да утврди кои од пријавените случаи треба да бидат предмет на теренска проверка.

Државната изборна комисија ја известува јавноста дека извештајот за добиените резултати од вкрстените проверки, ќе го разгледа на јавна седница на 16 март 2016 година – среда. Веднаш потоа ќе се започнат подготовки и активности за спроведување на теренската проверка.

Сите граѓани кои не ја искористиле можноста да пријават нерегуларности на податоците во Избирачкиот список на веб страната, ќе можат тоа и понатаму да го направат преку подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Државната изборна комисија со сите пристигнати пријави соодветно ќе постапи на начин што дел од известувањата на граѓаните ќе бидат предмет на административни проверки преку евиденциите на надлежните органи, а за известувањата на граѓаните за грешки во евиденциите за живеалиште, по утврдување на основoт на истите, ќе се постапува по спроведените вкрстени проверки.

Од денот на објавувањето на Избирачкиот список на својата веб страна, со податоци : име, презиме и адреса на избирачите, согласно член 31 став 2 точка 28-г, до денес можноста да пријават нерегуларности во податоците во истиот ја искористиле околу 5000 граѓани.
Државната изборна комисија им се заблагодарува на граѓаните за подршката и активното учество во напорите околу прочистувањето на Избирачкиот список.

Skip to content