Соопштение за медиуми

Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, вкупно потврдени листи за градоначалник на општините и Градот Скопје се 303  а за членови на советите на општините и советот на Град Скопје се потврдени вкупно 558 листи.

За општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје сеуште има листи кои се во фаза на отстранување на неправилности по доставено известување од ОИК. Од нив вкупно 8 листи за градоначалник се во процес на отстранување на неправилностите а 20 листи за членови на советите на општините и советот на Град Скопје.

Од доставените листи, отфрлени се вкупно 5 листи за градоначалник на општина и тоа по 1 листа за општина  Бутел , Центар, Куманово, Аеродром и Град Скопје.

По завршување на процесот на потврдување на кандидатските листи, следува ждрепката за утврдување на редоследот на единствената листа на кандидати која ќе се одржи на 24 септември 2025 година.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content