ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа политика за приватност дава општи информации за целокупната обработка на личните податоци од страна на Државна изборна комисија.

Државната изборна комисија ги обработува само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствари своите законски задачи и овластувања што се засноваат на Изборниот законик.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Државна изборна комисија  (во натамошниот текст: ДИК), со седиште на бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје, Република Северна Македонија.

Личните податоци се собираат за конкретни, јасни и законски утврдени цели и тоа спроведување на ефикасни, законити и стручни изборни процеси како и развивање и унапредување на административните капацитети со цел успешно функционирање на институцијата.

Личните податоци се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со Изборниот законик и Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на РСМ“ бр. 42 од 16.2.2020 година).

 Во однос на обработката на личните податоци Државна изборна комисија ги применува начелата поврзани со обработката на личните податоци кои се утврдени со Законот за заштита на личните податоци, а со цел да се обезбеди дека личните податоци кои ги обработува се обработуваат согласно со закон, правично и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци (законитост, правичност и транспарентност), дека собира лични податоци само за конкретни, јасни и легитимни цели (ограничување на целите) дека обработува само податоци кои се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите (минимален обем на податоци), дека податоците се секогаш точни и ажурни, при што секогаш се преземаат мерки за нивно навремено бришење или корекција на податоците кои се неточни или нецелосни, имајќи ги во предвид целите заради кои биле обработени (точност), дека личните податоци се чуваат во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци (ограничување на рокот на чување) и дека се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност особено во однос на заштита од неовластена и незаконска обработка, како и во однос на можноста од нивно губење, уништување или оштетување, а со примена на соодветни технички и организациски мерки (интегритет и доверливост).

Категории на податоци кои се обработуваат

  • Лични податоци на вработени
  • Лични податоци обработени преку систем за вршење видео надзор
  • Лични податоци на лица кои Државна изборна комисија по службена должност ги добива од надлежните институции доставени за ажурирање на податоците во Избирачкиот список
  • Лични податоци  на лица кои се доставени до Државна изборна комисија на барање на граѓаните за промена, запишување или бришење на податоците во Избирачки список
  • Лични податоци на вработени во јавната и државната администрација добиени  по службена должност за спроведување на  случаен избор при формирање на изборните органи,(ОИК и ИО)
  • Лични податоци на лица кои се избрани како членови на изборни органи.(ОИК и ИО)
  • Лични податоци на овластените подносители на предлог барањата за поведување на граѓански иницијативи за спроведување на референдум на локално и државно ниво.
  • Лични податоци на кандидати од кандидатските листи на овластените подносители,
  • Лични податоци на правни и физички лица на кои Државна изборна комисија ги користи нивните услуги.

Податоци за навигација и колачиња

При посетата на интернет страната на ДИК, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • IP адреса;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на Државната изборна комисија;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава од која пристапувате (се одредува преку IP адресата).

Креираните серверски логови автоматски се бришат во рок од 120 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Како ги собираме личните податоци

Државната изборна комисија ги собира личните податоци преку:

  • Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде наменските апликации (пребарување на избирачкиот список, достава на приговори, кандидатски листи, пријава на ковид болни и други привремени апликации наменети за активности за спроведување на избори)
  • нашите е-маил адреси [email protected], [email protected] и други наменски креирани е-маил адреси
  • пошта
  • телефон (наменска линија за пријави, телефонски броеви на вработени и изборни органи)
  • по службена должност заради цели утврдени со закон.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и во период потребен за постигнување на целта на обработката, како и согласно роковите утврдени со документацијата за канцелариско и архивско работење ( план и листи)

Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани и единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

Право на поднесување на барање до Државна изборна комисија

Доколку сметате дека начинот на кој Државната изборна комисија ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Државната изборна комисија на било кој начин преку контакт информации на овластените лица од страна на Државна изборна комисија.

  Овластени лица за офицери за заштита на личните податоци:

  • Тања Милошевска – тел. 02 3244 744 и 076 237 573Mail: Тanja.М[email protected]
  • Ангела Аврамоска – тел. 076 381 701
    Mail: [email protected]

Заштита од злоупотреби

Државната изборна комисија  ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап како и од нивна злоупотреба, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми и достигнувања во оваа област.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Почитувани корисници Ви благодариме за посетата на нашата интернет страница.

Skip to content