Денеска, на 18 октомври 2025 година, Државната изборна комисија одржа средба со претставници на меѓународни организации и државни изборни комисии кои ќе го набљудуваат спроведувањето на Локалните избори 2025 година во Република Северна Македонија.

ДИК им посака добредојде на набљудувачите и ги запозна со изборниот систем, моделот на гласање и начинот на организација на изборниот процес во државата. Притоа беше потенцирана посветеноста на Комисијата кон транспарентно, професионално и инклузивно спроведување на изборите.

На средбата присуствуваа претставници од следните институции и организации:

  • Централна изборна комисија на Украина
  • Канцеларија за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР)
  • Меѓународна фондација за изборни системи (ИФЕС)
  • Државна изборна комисија на Молдавија
  • Центар за обуки при Централната изборна комисија на Грузија
  • Државна изборна комисија на Хрватска
  • Врховен изборен совет на Република Турција
  • Централна изборна комисија на Косово.

Во своето обраќање, Претседателот на ДИК, Борис Кондарко,  ја истакнаа важноста на меѓународната соработка и размената на искуства меѓу изборните администрации, како значаен придонес за унапредување на изборните процеси и зголемување на довербата на јавноста во изборниот систем.

ДИК изрази благодарност за интересот и поддршката од страна на меѓународните партнери и ја потврди својата целосна отвореност и подготвеност за соработка во текот на целиот изборен процес.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content