Денес, Претседателот на ДИК, Борис Кондарко оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристофер Ле Риголер на која се разговараше за претстојните локални избори. На средбата се разговараше за текот на спроведување на изборите како и за важноста од легитимен, фер и транспарентен изборен процес. Претседателот на ДИК ја истакна отвореноста на Комисијата за соработка со меѓународните партнери и институции, со цел унапредување на изборните процеси и зајакнување на довербата кај јавноста.
Амбасадорот Ле Риголер сподели дека Амбасадата останува отворена за понатамошна соработка со ДИК и го нагласи интересот Амбасадата преку свои претставници активно да се вклучи во набљудување на изборите.
Двете страни се согласија дека меѓусебната поддршка и партнерство се клучни за унапредување на изборните процеси во државата и за понатамошен развој на демократските процеси во земјата.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА