Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, потпретседателот Абдуш Демири, како и членовите Александар Даштевски и Ангелчо Ристов, остварија работна средба во Судскиот совет со претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.

Средбата беше насочена кон унапредување на соработката и воспоставување соодветна комуникација за поддршка на институциите при спроведувањето на конкретни изборни дејствија, кои се во доменот на законските обврски и надлежности на ДИК, ОИК и основните судови.

Целта е подобра организација и непречено одвивање на процедурите во врска со проверките на поднесените кандидатски листи.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content