Скопје, 17 септември 2026  – Државната изборна комисија, денес ја одржа 15- та седница на која се разгледуваа и усвоија две точки.

По усвојувањто на Записникот од 14- тата седница, членовите на ДИК едногласно ја усвоија одлуката за објавување на описите на избирачките места, за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница.

Објавувањето на описите на избирачките места е во рамки на постапката за утврдување,  менување и објавување на избирачките места согласно која ДИК врз основа на стручно-техничките описи на избирачките места донесува решение со кое ќе го утврди бројот и описот за секое избирачко место одделно, со назначување на населените места, односно улиците и куќните броеви кои влегуваат во избирачките места и објектот на гласање.

Стручно-техничкиот опис на избирачките места содржи: општина, број на изборна единица, број на избирачко место, населеното место и локација на избирачкото место (објект и адресaта на објектот во кој ќе се гласа, населено место), дали избирачкото место е целосно населено место, улица (назив), индикатор на распределба куќен број (од -до).

Согласно Изборниот закон,  промената на описите на избирачките места може да се врши најдоцна 30 дена пред денот определен за изборите, односно најдоцна на 17.09.2026 година како утврден датум во Роковникот за спроведување на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content