Државната изборна комисија постапувајќи по примените барања за изземање од должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), дава

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

1. Барањето, број 08-2825/1 од 31.10.2016 година, за изземање од должноста член во Општинската изборна комисија Аеродром, поднесено од ДРАГАНА РУСЕСКА, вработен во Министерство за здравство, именувана со одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на општинска изборна комисија Аеродром, број 08-2788/1 од 28.10.2016 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија”, број 198 од 29 октомври 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО.

2. Барањето број 08-2853/1 од 01.11.2016 година, за изземање од должноста член во Општинската изборна комисија Брвеница, поднесено од ГОРГИ БОЖИНОСКИ, вработен во Општина Брвеница, именувана со одлука за формирање на општинска изборна комисија Брвеница, број 08-2788/1 од 28.10.2016 година, објавена во ‘Службен весник на Република Македонија’, број 198 од 29 октомври 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО… (повеќе)

Skip to content