Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување на листите за кандидати за градоначалник на општина Брвеница. За предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, поднесени се вкупно 6 листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиција а две листи од група избирачи:
1. Коалиција за Предвремени избори за градоначалник на општина Брвеница 2026 година предводена од СДСМ,,- СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА-СДСМ, Нова Социјалдемократска партија- НСДП, Странка на демократска акција на Македонија и Партија за демократски просперитет на Ромите-ПДПР, Десница
Јовица Радески- кандидат
2. КОАЛИЦИЈА ВРЕДИ/ВЛЕН
Јакуп Усеини- кандидат
3. КОАЛИЦИЈА “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА”
Стојанчо Радически- кандидат
4.НАЦИОНАЛНА АЛИЈАНСА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА – НАИ
Аркин Јахији – кандидат
5.ГРУПА ИЗБИРАЧИ – АРИФЕ ИДРИЗИ
Арифе Идризи – кандидатка
6. Група избирачи ДУШАН БОГДАНОВСКИ
Душан Богдановски – кандидат
По приемот на листите, Општинската изборна комисија утврдува дали се исполнети законските услови од Изборниот закон и дали листите се поднесени во утврдениот рок. Ако Општинската изборна комисија утврди дека листата е поднесена во утврдениот рок и е составена во согласност со одредбите на Изборниот закон, поднесената листа ќе ја потврди со решение. Доколку ОИК утврди дека во листата има неправилности, ќе побара од подносителите на листите да ги отстранат неправилностите во рок од 48 часа од приемот на известување за неправилностите од страна на Комисијата. По отстранување на констатираните неправилности, Општинската изборна комисија ќе ја потврди со решение листата.
Поднесените листи на кандидати може да бидат отфрлени заради ненавремено поднесување согласно Роковникот за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, или доколку ОИК утврди дека констатираните неправилности или пропусти, подносителот на листата не ги отстранил во рокот од 48 часа согласно Роковникот. Потврдените листи на кандидати за градоначалници на општина Брвеница, се доставуваат до ДИК за утврдување на редоследот во листата на кандидати како и утврдување на единствената листа на кандидати.
Ждрепката за утврдување на единствената листа на кандидати, ДИК ќе ја одржи најдоцна на 23 септември 2026.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

