Ce известуваат граѓаните на Република Македонија дека од 28 октомври до 11 ноември 2016 година ќе се врши јавен увид во Избирачкиот список за претстојните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Јавниот увид ќе се врши во просторииите на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, низ целата територија на Република Македонија, во просториите во општините каде Државната изборна комисија нема свои подрачни одделенија, како и по електронски увид на официјалната интернет страница на ДИК.

Увидот ќе може да се изврши сеиој ден, во време од 8.30 до 19 часот.

При вршењето на јавниот увид, граѓаните се идентификуваат пред овластено лице на Државната изборна комисија со покажување на важечка лична карта или пасош, издадени од надлежен орган на Република Македонија.

Сите граѓани кои не се во Избирачкиот список поради немање важечка лична карта или важечки пасош, треба веднаш да аплицираат за добивање нов документ за идентификација… (повеќе)

Skip to content