Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, во просториите на ДИК, се сретна со шефот на политичкиот и економски оддел во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Дејвид Маерс.
На средбата беше разговарано за подготвеноста на ДИК за спроведување на локалните избори како и запознавање со текот на активностите кои се преземаат согласно законските надлежности и рокови. Претседателот на ДИК го информираше претставникот на Амбасадата на САД во Северна Македонија за дејствијата што ДИК ги презема во насока на спроведување на фер и демократски избори и укажа на напорите што се вложуваат за непречано да се реализира изборниот процес. При тоа беше нагласено дека ДИК е подготвена да одговори на сите предизвици и дека одржува дoбра меѓуинституционална соработка со надлежните институции со цел успешно организиран изборен процес.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА