Државната изборна комисија денес оствари средба со новиот шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар.
Амбасадорот Жбогар се запозна со членовите на Комисијата и ја нагласи поддршката кон работата на Државната изборна комисија и нејзините заложби за организирање и спроведување на фер и демократски избори.
Во текот на двочасовната средба, амбасадорот Жбогар беше запознат со тековните активности кои се преземаат во насока на подготовка за претстојните предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат на 11 декември 2016 година, како и предизвиците пред кои е исправена Државната изборна комисија.
Државната изборна комисија истакна дека, посветено и одговорно работи на остварување на своите надлежности. Во фокусот на Државната изборна комисија секогаш е избирачкото право како уставно загарантирано право и во Комисијата постои согласност дека целиот процес мора да се заврши квалитетно, со цел зајакнување на довербата во Избирачкиот список и изборите кај сите актери во процесот.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content