Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија„ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 28.10. 2016 година, го донесе следниот

ЗАКЛУЧОК

1. Согласно член 49 од Изборниот законик, Државната изборна комисија на Р.М на ден 28.10.2016 година го става на јавен увид избирачкиот список. Јавниот увид ќе трае до 11.11.2016 година до 24:00 часот.

2. Избирачкиот список да се објави на веб страната на Државната изборна комисија и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

3. Преку министерстрвото за надворешни работи на Р.М, да се достават посебните изводи од избирачкиот список до дипломатско конзуларните преставништва и канцеларии на Р.М за лицата на привремена работа или престој во странство, врз основа на евиденцијата од надлежниот орган, за ставање на јавен увид… (повеќе)

Skip to content