Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) остварија работна средба со амбасадорот на Франција во земјата, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. На средбата се разговараше за претстојните измени на Изборниот законик, како и за зајакнувањето на институционалната отпорност во борбата против манипулациите со информации и мешањето во изборните процеси.
За време на разговорите, соговорниците ја потенцираа континуираната поддршка од Франција за реформските процеси на патот кон европска интеграција на земјата. Претседателот Маричиќ и членовите на Комисијата ја истакнаа заложбата на ДИК за целосна посветеност кон имплементацијата на европските стандарди и препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Во рамки на средбата беа разменети мислења за модернизацијата на изборниот процес, при што беше нагласена важноста и потребата од интензивирање на соработката во делот на дигитализацијата и сајбер-безбедноста во претстојниот период.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА



