На 22.05.2026 година Државната изборна комисија ја одржа 7-мата седница на која, во присуство на шест членови, едногласно беше усвоен дневниот ред составен од четири точки, кои се однесуваат на унапредување на кадровското и техничко-логистичкото работење на институцијата.

Согласно дневниот ред, беше донесен Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на Државната изборна комисија, за кој претседателот Бојан Маричиќ образложи дека измените претставуваат чекор кон реализација на Годишниот план за вработување за 2026 година, со цел кадровско зајакнување и зголемена ефикасност во секојдневното функционирање на институцијата.

Членовите на ДИК ја донесоа и Одлуката за измена и дополна на Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки за 2026 година. По однос на оваа точка, за збор се јави членот на Комисијата, Ангелчо Ристов, кој појасни дека измените се прават по доставените барања од ИТ секторот на Државната изборна комисија. Тој детално образложи дека во рамките на планот се додаваат нови набавки за компјутерски материјали, лиценци, антивирусен софтвер, како и софтвер vMix за следење на седниците со превод на повеќе јазици. Дополнително, со овие измени се предвидува превентивно и адаптивно одржување на ДМС-системот, уредите за непрекинато напојување (UPS) и клима-уредите во сервер-салата, како и набавка на лиценци и поддршка за мрежниот уред Firewall-SonicWall. Како што потенцираше Ристов, сите посочени измени се вршат во насока на зголемување на функционалноста, безбедноста и одржливоста на ИТ-системот на Државната изборна комисија.

Сите одлуки на 7-та седница беа донесени едногласно од присутните членови.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content