Државната изборна комисија, на ден 26.05.2026 година, ја одржа 8-мата седница на која присуствуваа вкупно пет членови на Комисијата, со што беше исполнет  условот за полноважно одлучување, согласно Деловникот.

На почетокот на седницата, присутните членови едногласно го разгледаа и го усвоија Дневниот ред и Записникот од претходната, 7-ма седница на Државната изборна комисија.

Во продолжение претседателот Бојан Маричиќ ја отвори расправата по главната точка на дневниот ред – Годишниот план за вработување за 2026 година, и накратко појасни дека е подготвен во целосна согласност со законските одредби, односно со Законот за вработените во јавниот сектор и Изборниот законик. Тој истакна дека при изработката строго се земени предвид реалните потреби за зајакнување на капацитетите на Стручната служба и подрачните одделенија, со цел да се обезбеди соодветен стручен и професионален кадар кој ќе одговори на зголемениот обем на институционални и оперативни обврски. По отворената расправа, Државната изборна комисија едногласно го усвои Годишниот план за вработување за 2026 година.

По последната точка од дневниот ред, „Разно“, не се јави никој за збор, со што дневниот ред беше целосно исцрпен и седницата беше затворена од страна на претседателот.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content