Предмет: ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

Државната изборна комисија Be известува дека, во прилог на поднесените листи на кандидати за градоначалник и членови на советот на општината, за секој од кандидатите задолжително се доставува и „потврда за неосудуваност“, согласно чл. 7 ст. 3 од Изборниот законик.

Поднесените поврди треба да бидат од казнената евиденција од надлежниот основен суд.

Вие, како Општинска изборна комисија при проверка на кандидатските листи, како релеватен доказ треба да ја прифатите Потврдата од казнена евиденција издадена од надлежниот суд.

 

Pdf 2Известување до ОИК за поднесените листи на кандидати.pdf

 

Skip to content