На 16 февруари во Државната изборна комисија се спроведе првата од серија планирани работилници, наменети за новинарки и новинари.

Цел на работилницата беше продлабочување на соработката помеѓу ДИК и медиумските работнички/ци во насока на постигнување на нашата заедничка мисија: споделување на правовремени, точни и веродостојни информации со јавноста.

На работилницата учесничките/ците ги разгледаа роковниците за Претседателските и Парламентарните избори, и имаа прилика да отворат дискусии на различни прашања од интерес за јавноста.

Сите присутни позитивно ја оценија работилницата, и истакнаа дека истата ќе им биде многу корисна во известувањето за изборите 2024 година.

Работилницата ја организиравме во склоп на активностите предвидени со Меморандумот за соработка со МИА.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content