На ден 10.07.2023 година претставници на Државната изборна комисија земаа активно учество на онлајн состанок кој служеше како воведна сесија во Програмата за Меѓународно сертифицирање за управување со ризик од корупција-МСУРК (International Certificate in Corruption Risk Management- ICCRM) на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (Chartered Institute of Public Finance and Accountancy-CIPFA) како дел од програмата за спречување корупција, развиена во соработка со Канцеларијата на обединетите нации, а подржана од Меѓународната фондација за изборни реформи ИФЕС.

Програмата има за цел зајакнување на капацитетите на институциите во државата и истата е насочена кон спроведување, управување и следење на спроведувањето на ризиците од корупција и плановите за интегритет на ниво на држава во сите субјекти од јавниот сектор.

Оваа програма ќе се реализира во периодот од месец јули до месец декември 2023 година.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content