Во соработка со  Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Државната изборна комисија  во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на ден 4 март 2020 година,  организираше Форумот за инклузивноста на изборниот процес за претставници и претставнички на институции и здруженија на граѓани,

Преку организирање на овој настан, во пресрет на Парламентарните избори 2020, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната изборна комисија имаа за цел да го истакнат значењето на инклузивноста на изборниот процес, преку размена на идеи и предлози за недостатоците на системот, кои превенираат одредени групи граѓани и граѓанки потполно и еднакво да учествуваат во изборниот процес. Фокусот ќе беше ставен на жените, лицата со попреченост и припадниците на заедниците. Очекувањата од овој  Форум се дека истиот ќе придонесе кон  охрабрување на сите релевантни актери вклучени во изборниот процес да преземат конкретни чекори за унапредување на својата работа на начин кој ќе овозможи подобра вклученост и видливост на овие категории граѓани и граѓанки во изборниот процес.

Крајната цел е да се придонесе кон демократски, фер и инклузивен изборен процес.

На настанот присуствуваа претставници од институциите кои на било каков начин се вклучени во некој дел од изборниот процес, граѓанските организации кои работат во областа на набљудување на изборите и застапување на правата на лицата со попреченост, жените и заедниците, академската заедница, како и од локалните канцеларии на меѓународните организации кои работат на ова поле.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content