Се известуваат општинските изборни комисии дека:

1. Според упатството за примена на член 111 став 1, 2 и 3 од ИЗ во точка 1 е наведено точно што се подразбира под болно и немоќно лице – неподвижно, потполно слепо, заболено од дистрофија или сродни мускулни или нервно мускулни заболувања, церебрална парализа или детска парализа или параплегија. За ова според точка 4 од Упатството ОИК може да консултира доктор специјалист за читање на дијагнозите по доставените барања.

2. Во точка 2 од Упатството е наведено дека со барањето се доставува во оригинал или копие и медицински доказ или решение за користење туѓа нега од трето лице, што значи ако е доставено решение за туѓа нега барањето треба да биде одобрено, бидејќи Комисијата која го донела решението веќе ја разгледала медицинската документација и за вас како ОИК е доволно да има решение за туѓа нега кое е во важност. Напомнувам дека Решението за туѓа нега треба да биде важечко.

3. Општинската изборна комисија може да ангажира доктор специјалист, при што е потребно комисијата да изготви соодветна документација за неговото ангажирање. Ангажираното лице треба исто така да биде потпишано на документацијата.

4. На ангажираниот доктор специјалист, му следи надоместок согласно позитивните законски прописи…(повеќе)

Skip to content