Државната изборна комисија (ДИК) се приклучува кон одбележувањето на Глобалниот ден на изборите, кој традиционално се одбележува секој прв четврток во февруари. Овој ден е посветен на истакнување на значењето на изборните процеси како основа на демократијата и на унапредување на изборните стандарди низ светот.
Изборите се темел на демократијата, а сите изборни органи на соодветен начин го истакнуваат значењето на овој ден, потенцирајќи ја важноста на транспарентни, фер и кредибилни изборни процеси.
Како највисок орган за организирање и спроведување на изборите во Република Северна Македонија, ДИК во континуитет придонесува за позитивната слика и угледот на државата, зацврстувајќи ги демократските процеси преку спроведување на избори согласно домашното законодавство и највисоките меѓународни стандарди.
Годинава е изборна година, и ДИК веќе ги прави сите неопходни подготовки за спроведување на претстојните Локални избори. Во овој процес, Комисијата соработува со различни чинители, меѓу кои се државните институции, политичките партии, граѓанските организации, медиумите и меѓународните партнери, со цел обезбедување инклузивен и кредибилен изборен процес.
Во оваа прилика, ДИК им изразува благодарност на сите соработници кои со својата посветеност придонесуваат за успешното организирање на изборите. Веруваме дека натамошната коректна и професионална соработка ќе продолжи и во иднина.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
ОДЛУКА ЗА ИЗБОР ПО ПАТ НА ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 651/2025
ОДЛУКА ЗА ИЗБОР ПО ПАТ НА ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 635/2025
ОДЛУКА ЗА ИЗБОР ПО ПАТ НА ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 634/2025
ОДЛУКA ЗА ИЗБОР ПО ПАТ НА ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 633/2025
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 653/2025
за вработување на 2 државни службеници од група I, подгрупа I во Државна изборна комисија за следните работни места:
УПР0101В04000 Помлад соработник – aсистент за изработка на материјали за правна служба, Одделение за правни работи (правна служба), Сектор за правни работи (правна служба) и стручно-административни работи
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 652/2025
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државна изборна комисија за следните работни места:
УПР0101В04000 Помлад соработник за односи со јавноста и подготовка и организирање на прес конференции, брифинзи, интервјуа и соопштенија, Одделение за информирање на јавноста и едукација на граѓаните, Сектор за континуирани обуки, односи со јавност и меѓународна соработка
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 651/2025
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државна изборна комисија за следните работни места:
УПР0101В04000 Помлад соработник за прибирање на финансиски документи, Одделение за сметководство и плаќања, Сектор за финансиски прашања
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 635/2025
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државна изборна комисија за следните работни места:
УПР0101Г01000 Самостоен референт за евиденција и соработка со изборни органи, Одделение за континуирани обуки – Центар за обуки, Сектор за континуирани обуки, односи со јавност и меѓународна соработка
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 634/2025
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државна изборна комисија за следните работни места:
УПР0101В01000 Советник за правни работи, Одделение за правни работи (правна служба), Сектор за правни работи (правна служба) и стручно административни работи
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 633/2025
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државна изборна комисија за следните работни места:
УПР0101В04000 Помлад соработник за пополнување на официјалната ВЕБ страница на ДИК и социјалните медиуми на ДИК, Одделение за апликативен менаџмент, Сектор за информатичка технологија
ОГЛАС БРОЈ 1-2025
за вработување на 2 извршители на определено време во траење до 31 декември 2025 година во Државната изборна комисија за следните работни места:
Средба на ДИК со претставници на Делегацијата- Комитетот за почитување на обврските и заложбите од страна на земјите членки Советот на Европа- Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, на Република Северна Македонија
Државната изборна комисија ја информира јавноста дека денеска (25.04.2025 година) оствари средба со Делегацијата- Комитетот за почитување на обврските и заложбите од страна на земјите членки Советот на Европа- Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, на Република Северна Македонија, составена од г-ѓа Сибел Арслан,од Швајцарија – Група на Социјалисти, Демократи и Зелени, г. Џозеф О’Рајли, од Ирска, Група на Европска народна партија, и Агњешка Шклана, секретар на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Претставниците на Делегацијата беа информирани за тековните активности и подготовки на ДИК за организирање на претстојните локални избори 2025 година.
Претставниците на Делегацијата, исто така беа известени дека ДИК, навремено ги превзема сите активности во рамки на нејзините надлежности и во соработка со останатите надлежни институции околу организирањето на претстојните локални избори 2025 година, како и дека ДИК активно ќе се вклучи со свои предлози за измена на изборниот законик.
Претставниците на Делегацијата изразија задоволство од досегашната работа на ДИК за досега спроведените избори, и и посакаа успех на Комисијата за успешно спроведување на претстојните локални избори.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Глобален ден на изборите
Државната изборна комисија (ДИК) се приклучува кон одбележувањето на Глобалниот ден на изборите, кој традиционално се одбележува секој прв четврток во февруари. Овој ден е посветен на истакнување на значењето на изборните процеси како основа на демократијата и на унапредување на изборните стандарди низ светот.
Изборите се темел на демократијата, а сите изборни органи на соодветен начин го истакнуваат значењето на овој ден, потенцирајќи ја важноста на транспарентни, фер и кредибилни изборни процеси.
Како највисок орган за организирање и спроведување на изборите во Република Северна Македонија, ДИК во континуитет придонесува за позитивната слика и угледот на државата, зацврстувајќи ги демократските процеси преку спроведување на избори согласно домашното законодавство и највисоките меѓународни стандарди.
Годинава е изборна година, и ДИК веќе ги прави сите неопходни подготовки за спроведување на претстојните Локални избори. Во овој процес, Комисијата соработува со различни чинители, меѓу кои се државните институции, политичките партии, граѓанските организации, медиумите и меѓународните партнери, со цел обезбедување инклузивен и кредибилен изборен процес.
Во оваа прилика, ДИК им изразува благодарност на сите соработници кои со својата посветеност придонесуваат за успешното организирање на изборите. Веруваме дека натамошната коректна и професионална соработка ќе продолжи и во иднина.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Државната изборна комисија ја одржа 117- та седница
Денес, Државната изборна комисија ја одржа редовната 117 – та седница. На дневен ред на седницата беше новиот Стратешки план на Државната изборна комисија за период 2025 – 2028 година.
Претседателот и членовите на ДИК ја претставија четири годишната стратегија за работата на институцијата во која се дефинирани приоритетите во идното четири годишно функционирање на ДИК.
Стратешкиот план на ДИК за период 2025 – 2028 година детално прикажува на кој начин, со кои дејствија и со кој интензитет ДИК ќе се залага да ја реализира предвидената стратегија.
Стратешкиот пан ќе биде достапен на веб страната на ДИК на македонски, албански и англиски јазик.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Средба на ДИК со претставници на Американската амбасада во Скопје
Државната изборна комисија ја информира јавноста за вчерашната одржана средба на претседателот на ДИК, Борис Кондарко, со Ванеса Бордо Фланес, соработник за односи со јавноста од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Кели Р.Мекејлеб, политички службеник од Амбасадата на САД, и Ејми Коен, извршен директор на Национална асоцијација на државни изборни директори на САД.
На средбата беа разменети искуства и впечатоци од набљудувањето на претседателските избори во САД, од страна на делегацијата на ДИК присутна на изборите во САД.
Претставниците беа информирани за тековните активности, заложби и законски надлежности на ДИК за натамошно работење и унапредување на изборните процеси. ДИК изразува благодарност за досегашната успешна соработка и за можноста за размена на искуства кои придонесуваат зајакнување на демократските стандарди.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Државната изборна комисија на еднодневна работилница со Венецијанска Комисија
Денес, претставници од Венецијанската комисија во просториите на Државната изборна комисија одржуваат еднодневна постизборна работилница за членовите и вработените во ДИК како и за претставници на општинските изборни комисии. Предавачи на оваа еднодневна работилница се Еирих Холмојвик, Флоренс Гану, Срѓан Дамјановиќ и Михаел Јансен. Настанот го отворија членовите на Државната изборна комисија Дитмире Шеху и Оливер Ристовски и Олег Солдатов, раководител на програмската канцеларија на Советот на Европа.
Околу 50- тина учесници на работилницата дискутираат за стандардите и насоките на Советот на Европа а се разговара и за мислењата и извештаите на Венецијанската комисија. Преку интерактивен пристап на предавачите од Венцијанската комисија, со учесниците се споделуваат практични искуства од различни земји и се елаборираат предлози за унапредување на праксата и механизмите за решавање по однос на поднесени приговори од страна на гласачите.
Работилницата е поделена во три сесии на кои се обработуваат меѓународните норми и добрите практики во решавање на приговори за време на изборите, се прави анализа на праксата од минатите изборни циклуси и преку менторирање на групите учесници, се работи на развивање на прашањето за постапување со приговорите како и унапредување на алатките за нивно решавање.
Во рамките на предавањето, експертите од Венецијанската комисија заедно со учесниците ги диксутираат и препораките од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и парламентарните избори одржани во Северна Македонија на 24 април и 8 мај 2024 година а кои даваат насока за подобрување и унапредување на изборниот процес во различни сегменти.
Работилницата е во организација на ДИК и Венецијанската комисија и истата се одржува како резултат на потребата од евалуација на изборната пракса од последните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија со акцент на решавање на приговори, постапка и техничка подршка.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение
Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко и потпретседателот Абдуш Демири учествуваа на Презентација и дискусија за посебните извештаи за претседателските и парламентарните избори 2024 во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата со подршка на Националниот демократски институт. Извештаите се изготвени во рамки на надлежностите и активностите на ДКСК за следење на изборите а со подршка на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС, Здружението за истражувања и анализи и Националната фондација за демократија НЕД, од САД.
На настанот беа присутни претставници на АВМУ, Државниот завод за ревизија, претставници на политичките партии, невладиниот сектор и медиумите и на истиот претседателката на ДКСК Татјана Димитровска и членот Цвета Ристовска ги презентираа наодите за утврдени системски слабости и дадоа свое согледување во рамки на нивните законски овластувања за следење на состојбите при донесување и измената на законите од аспект на оценката на ризиците од корупција.
„ДИК смета дека доколку остане државното финансирање не е соодветно начинот и процедурата на исплата на медиумите да се спроведува преку ДИК бидејќи се работи за облигационо- правни односи и комерцијални договори меѓу политичките партии и приватните медиуми. Додека, за прашањето дали и во која би останало државното финансирање на политичкото рекламирање, надлежни се да одлучуваат политичките партии со консензус во Собранието“ – истакна претседателот Кондарко.
На дискусијата, претставниците на надлежните институции, секоја од аспект на своите законски ингеренции дискутираа во правец на изнаоѓање на решенија за надминување и подобрување на законската регулатива во во поглед на моделите, формата, начинот и контролата на финансирањето и зголемување на траспарентноста што понатаму треба да се земат предвид при отварање на процесот за измена на Изборниот закон од страна на работната група во Министерството за правда каде ќе се разгледуваат сите препораки од конечниот Извештај од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите 2024.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение
Денес, претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко и членовите на Државната изборна комисија се сретнаа со претставници на ОДИХР како дел од нивната агенда за средби со сите релевантни чинители во организирање и спроведување на изборите во Северна Македонија.
На состанокот, членовите на ДИК разговараа со претставниците на ОДИХР за Извештајот на меѓународната набљудувачка мисија за изборите во Република Северна Македонија, за претседателските и парламентарните избори 2024. Преку анализа на делови на Извештајот кои се однесуваат на работата на ДИК и изборните органи беше констатирано дека нема конкретни препораки за работата на ДИК односно дека изборите се спроведени законито и транспарентно и како што е констатирано и во Извештајот, изборната администрација уживаше доверба во јавноста за нејзината работа и капацитет. Констатирано беше дека препораките се однесуваат на системски слабости на изборната регулатива за што како и досега, ДИК активно ќе се вклучи во процесот за подобрување на на Изборниот закон и ќе се залага за целосна имплементација на препораките од Извештајот.
Присутните претставници се согласија дека како основа за понатамошна соработка треба да се земат предвид согледувањата за имплементација на препораките на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР и во континуитет да се вложуваат напори за развој на изборниот процес.
Двете страни заклучија дека претседателските и парламентарните избори беа успешно спроведени и изразија благодарност за меѓусебната соработка и отвореност за развивање на изборниот процес во иднина.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение
Денес, Државната изборна комисија ја одржа 113 та седница на која беа усвоени Записниците од 108- ма, 109 -та, 110 – та и 112 -та седница на ДИК. На седницата беше изгласана и Одлуката за определување на овластени потписници на сметката на Државната изборна комисија. Оваа Одлука следи после усогласување на Државната изборна комисија согласно Изборниот закон и според истата новиот претседател и потпретседател на ДИК се овластени потписници на сметката.
На денешната седница, членовите на Државната изборна комисија едногласно го усвоија и ревидираниот Годишен план за вработување за 2025 година, по добиено мислење од страна на Министерството за финансии .
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Соопштение
Ги известуваме членовите на избирачките одбори дека исплатата на надоместоците е започната и истата е во тек за Претседателските и Парламентарните избори 2024 година. Динамиката за постапката на исплата на надоместоците зависи од ажурноста и точноста на податоците за ИО внесени од страна на Општинските изборни комисии, односно доставени се податоци кои содржат многу технички грешки за личните податоци и истите мора да бидат проверени и корегирани поединечно во Државната изборна комисија за да бидат прифатени во системот за трезор за исплата во Министерството за финансии.
Напоменуваме дека се работи за податоци за околу 35 000 членови на избирачки одбори со податоци од единствени матични броеви и трансакциски сметки, за чија точност при внес беа задолжени општинските изборни комисии.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА