Врз основа на член 31 став 2, точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), а во врска со член 78-а став 7, Државната изборна комисија на седницата одржана на 21.11.2016 година, го дава следното

 

ПОЈАСНУВАЊЕ
за примена на член 78-а, став 7 од Изборниот законик
Рекламни паноа и билборди

Доколку некоја политичка партија или коалиција не го искористила вкупниот процент на рекламни паноа и билборди доделени по пат на ждрепка од страна на Државната изборна комисија на 16.11.2016 година, останатите политички партии и коалиции имаат право на закуп на истите.

Правните лица чии што локации на рекламни паноа и билборди останаа неискористени од страна на политичките партии и коалиции на кои им беа доделени се должни да ги понудатсами на останатите политички партии и коалиции.

Државната изборна комисија ќе ги достави до правните лица локациите кои што не беа искористени од страна на политичките партии и коалиции во предвидениот рок, а за кои истите ја известија Државната изборна комисија.

Правните лица се должни да ја известат Државната изборна комисија за дополнително доделените локации на рекламни паноа и билборди…(повеќе)

Skip to content