[ux_banner height=”250px” bg=”10900″ link=”https://drive.google.com/open?id=0B8ZpCwro9h-zTGdoMmZIZjV4UkE” text_color=”dark” text_width=”90%” text_align=”center” text_pos=”full-width far-bottom” text_bg=”#FFF” padding=”1px” parallax=”0″ parallax_text=”0″]

КОДЕКС ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

[/ux_banner]

 

Согласно одредбите на Изборниот законик, политичките партии учесници во изборите потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на овој Кодекс оваа година за прв пат беше во организација на Државната изборна комисија (ДИК). Имајќи го предвид значењето на потпишувањето на овој Кодекс за позитивното отпочнување на изборната кампања, ДИК организираше свечен настан на кој се реализираше потпишувањето.

Настанот се одржа денеска, на 20 ноември, со почеток во 14 часот, во големата сала во седиштето на Државната изборна комисија.

Сите лидери на коалициите и политичките партии учесници на изборите присуствуваа на свечениот настан и го потпишаа Кодексот, со што ја реафирмираа заложбата на своите партии и коалиции за фер и демократски избори.

Поканети гости на настанот беа сите потписници на Кодексот за фер и демократски избори – претседателите на политичките партии учесници во изборите, како и дипломатскиот кор во Република Македонија.

 

Skip to content