Во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), на 12 април 2022 година Државната изборна комисија оствари средба со Кетрин Елена, виш глобален правен советник во ИФЕС и директорка на Центарот за антикорупција и доверба во демократијата во ИФЕС.

Елена е експерт по антикорупција, правни и регулаторни рамки, изборна правда, решавање на изборни спорови и проценка на интегритетот на изборите. Таа е и специјален советник на Комитетот за изборно право на Американската адвокатска асоцијација, како и член на научниот комитет на Глобалната мрежа за изборна правда.

Вториот дел од посетата на Елена беше резервиран за одржување на работилница за градење на капацитетите на Правната служба на Државната изборна комисија. На работилницата, меѓу другото, се дискутираше за најдобрите практики и компаративни примери за правни сектори во изборни комисии ширум Светот.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content