П О Т С Е Т У В А Њ Е

Почитувани,

Државната изборна комисија Ве потсетува дека, согласно член 75-ѓ став 3 од Изборниот законик, сите радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет порталите), кои поднеле барање за регистрација во Државната изборна комисија, должни се во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да ги утврдат ценовници за платено политичко рекламирање и истите да ги достават до Државната изборна комисија, најдоцна до 21 февруари (петок) 2020 година до 24:00 часот.

Ценовниците може да се поднесат електронски, на следната електронска адреса [email protected] , во архивата на ДИК на бул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје или со препорачана пратка.

НАПОМЕНА: Цената за Вашите услуги во доставените ценовници по секунда за платено политичко рекламирање и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум ДА НЕ ЈА НАДМИНУВА просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси, која Државната изборна комисија ја утврди со Одлука, бр. 10-476/1 од 16.02.2020 година, која Ви ја доставуваме во прилог и истата е објавена на интернет страната на Комисијата.

Доколку Вашиот медиум доставил ценовник со цена повисока од утврдената просечна цена од страна на Државната изборна комисија, Ве молиме истиот да го повлечете и истовремено да доставите нов, усогласен ценовник, најдоцна до 24:00 часот на 21 февруари 2020 година.

Со почит,

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content