Државната изборна комисија на 6 февруари 2019 година учествуваше на еднодневната конференција на тема „Учество во изборниот процес на лицата со попреченост“, во организација на мрежата за поддршка на изборите во Западен Балкан.
Во своите воведни обраќања претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, заедно со Амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја истакнаа важноста на обезбедувањето на еднакви услови за пристап на лицата со попреченост до политичкиот живот општо, а особено до изборниот процес.
Претседателот Деркоски истакна дека во својот краток период од нејзиното формирање во овој состав, ДИК направи исклучителни напори за време на организирање на референдумот за да им овозможи на лицата со попреченост да го остварат своето право на глас. ДИК продолжува и понатаму, пред претстојниот процес на претседателските избори, на овие лица да им овозможи подобрен пристап до гласачките места.

Во своето обраќање во првата панел сесија, претседателот Деркоски детално ги изложи преземените активности од страна на Државната изборна комисија, како и тоа дека ДИК континуирано имплементира активности во насока на обезбедување на пристап на лицата со попреченост до изборниот процес. Меѓутоа, за обезбедување на целосен и еднаков пристап и на оваа категорија гласачи како наша заедничка цел, потребна ни е отворена соработка и со други институции во чија надлежност се објектите за гласање, а секако и со граѓанскиот сектор во насока на подигање на свеста за потребите во оваа област, рече тој.

Skip to content