Согласно член 45 став 3, член 50-а став 7 и 8 и член 165 став 2 и 3 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр. 40/06,136/08,148/08,155/08,163/08,44/11,51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16) и член 34 од привремениот Деловник на Државната изборна комисија, a no разтедувањето на конечниот извештај во врска со поднесените пријави со кои граѓаните се пријавуваа за остварување на своето гласачко право во странство, по завршувањето на јавниот увид, Државната изборна комисија на седницата одржана на 14.11.2016 година го донесе следниот

 

3АКЛУЧОК
за усвојување на извештајот во врска со поднесените пријави со кои граѓаните се пријавуваа за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија по завршување на рокот за пријавување

1. По завршувањето на рокот за поднесување на пријави утврден во член 50-а став 8 од Изборниот законик, Државната изборна комисија утврди дека вкупно 20.629 граѓани ги исполнија законските услови за остварување на своето гласачко право во 49 дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија

2. Државната изборна комисија утврди дека во 9 дипломатско-конзуларни претсгавништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија и тоа во Токио, Њу Делхи, Атина, Астана, Каиро, Киев, Талин, Тел Авив и Солун , се пријавени помалку од 10 граѓани и тоа… (повеќе)

Skip to content