На 36-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 25.4.2019 година, се разгледуваше и одлучуваше по поднесени приговори од овластен подносител. На седницата присуствуваше и овластениот претставник на подносителот на листата за Претседател на Република Северна Македонија, 2019 година, Гордана Сиљановска Давкова.

По однос на поднесените приговори се одлучи на следниот начин.

  1. Приговорот Уп1 9 67 од 23.4.2019 година, за Избирачко место 0006 Берово, по извршениот детален увид, едногласно е одбиен од страна на Државната изборна комисија.
  2. Приговорот Уп1 9 68 од 23.4.2019 година, за Избирачко место 2053 Боговиње, по извршениот детален увид, едногласно е одбиен од страна на Државната изборна комисија.
  3. Приговорот Уп1 9 69 од 23.4.2019 година, за Избирачко место 0684/1 Кавадарци, каде што по извршениот увид беше константирана повреда согласно член 151 став (1) алинеја 1 и 5 од Изборниот законик, едногласно е прифатен од страна на Државната изборна комисија. Со решение е поништено гласањето во ова Избирачко место.
  4. Приговорот Уп1 9 70 од 23.4.2019 година, за Избирачко место 1075 Куманово, каде што по извршениот увид беше константирана повреда согласно член 151 став (1) алинеја 1 и 5 од Изборниот законик, едногласно е прифатен од страна на Државната изборна комисија. Со решение е поништено гласањето во ова Избирачко место.
  5. Приговорот Уп1 9 71 од 23.4.2019 година, за Избирачко место 682 Кавадарци, каде што по извршениот увид беше константирана повреда согласно член 151 став (1) алинеја 1 и 5 од Изборниот законик, едногласно е прифатен од страна на Државната изборна комисија. Со решение е поништено гласањето во ова Избирачко место.
  6. Приговорот Уп1 9 72 од 23.4.2019 година, за Избирачко место 1091 Куманово, по извршениот увид едногласно е одбиен од страна на Државната изборна комисија.
  7. Приговорот Уп1 9 73 од 23.4.2019 година, за Избирачко место 1338 Охрид, каде што по извршениот увид во изборниот материјал, беше константирана повреда согласно член 151 став (1) алинеја 1 од Изборниот законик, едногласно е прифатен од страна на Државната изборна комисија. Со решение е поништено гласањето во ова Избирачко место.
  8. Приговорот Уп1 9 74 од 23.4.2019 година, за Избирачко место, 2208 Велес, по извршениот увид едногласно е одбиен од страна на Државната изборна комисија.
  9. Приговорот Уп1 9 75 од 23.4.2019 година, за Избирачко место, 2688 Аеродром, каде што по извршениот увид во изборниот материјал беше константирана повреда согласно член 151 став (1) алинеја 1 и 5 од Изборниот законик, едногласно е прифатен од страна на Државната изборна комисија. Со решение е поништено гласањето во ова Избирачко место.
  10. Приговорот Уп1 9 76 од 23.4.2019 година, за Избирачко место 2808 Центар, по извршенот увид едногласно е одбиен од страна на Државната изборна комисија.
  11. Приговорот Уп1 9 77 од 23.4.2019 година, за Избирачко место 2830 Центар, каде што по извршениот увид беше константирана повреда согласно член 151 став (1) алинеја 1 и 5 од Изборниот законик, едногласно е прифатен од страна на Државната изборна комисија. Со решение е поништено гласањето во ова Избирачко место.
  12. Приговорот Уп1 9 78 од 23.4.2019 година, за Избирачко место 0816 Кичево, каде што по извршениот увид во изборниот материјал беше константирана повреда согласно член 151 став (1) алинеја 1 и 6 од Изборниот законик, е прифатен од страна на Државната изборна комисија. Со решение е поништено гласањето во ова Избирачко место.
  13. Приговорот Уп1 9 79 од 23.4.2019 година, за Избирачко место 2805/1 Центар, по извршенот увид едногласно е одбиен од страна на Државната изборна комисија.
  14. Приговорот Уп1 9 80 од 23.4.2019 година, за Избирачко место 2844 Центар, по извршенот увид едногласно е одбиен од страна на Државната изборна комисија.

Бидејќи резултатите од поништените избирачки места не влијаат на резултатот на ниво на државата, нема да има прегласување и ќе се гласа на 5.5.2019 година, во вториот изборен круг.

Во однос на работата на избирачките одбори во овие избирачки места, едногласно беше донесена одлука од Државната изборна комисија, истите да бидат разрешени од функциите во избирачкиот одбор и тоа за местата каде што може да се утврди во која смена е извршена повредата, ќе биде разрешена соодветната смена од избирачкиот одбор, а таму каде што не е можно да се утврди времето на сторената повреда разрешен ќе биде целиот состав на избирачкиот одбор.

Државната изборна комисија, ги задолжи соодветните општински изборни комисии и стручните служби на Државната изборна комисија да пристапат кон активностите за формирање на избирачки одбори за соодветните избирачки места и нивна едукација.

Skip to content