Генералното собрание и пленарна конференција на Меѓународната женска асоцијација за изборна администрација (WEM-International) се одржаа во Прага, Чешка Република, на 8-9 ноември 2023 година.

Статутарниот собир, организиран од ИФЕС Украина со поддршка на Регионалната европска канцеларија на ИФЕС, собра истакнати претставници на изборните органи од 18 земји од целиот свет, меѓу кои и претставничка од Државната изборна комисија.

Учесниците разменија најдобри практики за интегрирање на родовите перспективи во работата на изборните органи, споделувајќи инспиративни искуства од женското лидерство во изборната администрација. На настанот и нови изборни органи се приклучија на членството во WEM-International, а беше избрано и Раководството на Извршниот комитет. Учесниците заеднички ја развија стратешката визија на здружението за следните две години.

Во текот на настанот беше организирана и работилница „Сојузници за еднаквост“ од страна на RENEWE – Regional European Network for Empowering Women in Elections.

Низ повеќе интерактивни сесии учесничките стекнуваа знаења и вештини околу справување со различни видови родово базирано насилство, и пружање поддршка на жртви на такво насилство, особено во онлајн просторот.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content