Согласно член 66 ставови 2 и 4 од Изборниот законик, до Државната изборна комисија во рокот утврден во „Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на РМ, 18 октовмри – 11 декември 2016 година“, до 11 ноември 2016 година кандидатски листи за избор на пратеници доставија 13 политички партии и коалиции.

Од нив со решение на Државната изборна комисија беа потврдени листи на кандидати поднесени од 11 политички партии и коалиции.

За политичките партии Социјал Демократска Партија на Македонија и Народно движење за Македонија, Државната изборна комисија донесе решенија за отфрлање на листите за кандидати.
По решенија на Државната изборна комсија овие две политички партии поднесоа тужби преку Државната изборна комисија до Управниот суд на РМ,
Управниот суд за СДПМ донесе пресуда број УРП.бр.500/16 од 16.11.2016 година со која што ја одби тужбата и го потврди решението за отфрлање на кандидатската листа донесено од страна на Државната изборна комисија.
Управниот суд за НДМ донесе пресуди со броеви; УРП.бр.503/2016, УРП.бр.504/2016, УРП.бр.507/2016, УРП.бр.501/2016, УРП.бр.502/2016, УРП.бр.505/2016, УРП.бр.506/2016 од 16 и 17.11.2016 година со кои ги одби тужбите на тужителот и ги потврди решенијата за отфрлање на кандидатските листи донесени од страна на Државната изборна комисија.

Оттаму на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија 11 декември 2016 година ќе учествуваат следните 6 политички партии и 5 коалиции со 58 листи на кандидати во следните изборни единици..(повеќе)

Skip to content