На 59-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 26.2.2020 година беше усвоен Јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 12 април 2020 година, со кој се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека истиот ќе започне на 26.2.2020 година и ќе трае до 11.3.2020 година, до 24:00 часот. Со тоа Државната изборна комисија ги повикува граѓаните кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список тоа да го направат по електронски пат на веб – страницата на Државната изборна комисија на www.sec.mk, izbirackispisok.gov.mk, или лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија. Согласно измените во Изборниот законик, овој изборен циклус граѓаните кои на денот на изборите навршиле 18 години и кои што на денот на распишувањето на изборите немале важечки лични документи, ќе бидат во Избирачкиот список. Важно да се истакне е дека иако оваа група на граѓани ќе биде во Избирачкиот список, правото на глас ќе може да го остварат само оние граѓани кои на денот на изборите ќе имаат важечки лични документи.

Додека пак, граѓаните кои немале важечки документи на денот пред распишувањето на изборите, нема да бидат на Избирачкиот список. Оваа категорија на граѓани ќе треба да поднесе барање за запишување во Избирачкиот список како и да ги обнови своите лични документи.

Понатаму беше донесен и Правилникот за регулирање на постапката за сoбирање потписи и начинот на определување на нотарите, според кој право да поднесат листа на кандидати за пратеници имаат регистрираните политички партии самостојно, коалиции како и група избирачи. Потписите на избирачите во постапката за кандидирање за поддршка на кандидатските листи предложени од група избирачи се собираат пред службените лица на Државната изборна комисија и пред наделжен нотар, со што трошоците за собирање на потписи пред нотар ги сносува подносителот на листата. Собирањето на потписи во постапката за кандидирање за Предвремените парламентарни избори 2020 година започнува на 26.2.2020 година и завршува на 6.3.2020 година.

На седницата на Државната изборна комисија после извршениот увид за комплетна документација беше донесен и Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) согласно член 75 ѓ став (7) од Изборниот законик, во кој се наоѓаат сите оние кои ги исполниле условите.

Исто така беа донесени и Образецот Б1 – Барање за запишување во Избирачки список, Б2-Барање за бришење на податоци во Избирачки список и Б3 –Барање за промена на податоци во Избирачки список, со кои овој изборен процес се дава можност на граѓаните по електронски пат да можат да ги извршат потребните промени во Избирачкиот список, на [email protected], со скенирано потпишано соодветно барање и приложени потребни документи– прилог кон Барањето.

Со почит

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content