• Право на глас има секој полнолетен државјанин на Република Северна Македонија што е запишан во Избирачкиот список.
  • Увидот во Избирачкиот список започнува на 21 август, и ќе трае до 9 септември.
  • Во тој период можеш да поднесеш барање за запишување, промена и бришење на податоци во Избирачкиот список.
  • Гласаш во најблиското гласачко место според твојата адреса на живеење со која си запишан/а во Избирачкиот список.
  • Секогаш гласаш сам/а, во свое име и само еднаш.
  • Гласањето е слободно и тајно и никој не може да утврди како си гласал/а.
  • За да гласаш, мора да се идентификуваш со лична карта или пасош и со отпечаток од десниот показалец. Отпечатокот се проверува со техничка опрема со која управува избирачкиот одбор.
  • Мора да се потпишеш на изводот од избирачкиот список на твоето гласачко место.
  • Секој гласач добива само по едно гласачко ливче за градоначалник и за совет на општина.
  • Гласачите од градот Скопје добиваат и по едно гласачко ливче за градоначалник и совет на Градот.
  • На гласачкото ливче се става печат на местото определено за печат.
  • Гласаш со заокружување на редниот број пред кандидатот, односно носителот на листата на кандидати.
  • Важечко е само гласачкото ливче заокружено со хемиско пенкало во сина боја.
  • Гласачкото ливче се превиткува и се става во гласачката кутија.
  • Се забранува користење мобилни телефони и фотоапарати за сликање на гласачкото ливче.
  • Никој не смее да те повикува на одговорност поради гласањето, ниту пак да бара да кажеш како си гласал или зошто не си гласал.
  • Ако ти е повредено личното гласачко право во која било фаза од процесот или во постапката на спроведување на гласањето, можеш да поднесеш приговор до ДИК во рок од 24 часа.
  • ДИК е должна во рок од 4 часа по приемот на твојот приговор да донесе одлука.
  • Против одлуката на ДИК можеш да поднесеш тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението.

Седници на ДИК во живо

Прес-конференции на ДИК во живо

Видео запис од седниците на ДИК

Calendar of Events

П пон

В вто

С сре

Ч чет

П пет

С саб

Н нед

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

0 events,

Преостанато време за гласање:
0Денови0Часови0Минути

Регулатива

Изборен законик и подзаконски акти

Изборни органи

Контакт и состав на ОИК и ИО

Изборна архива

Резултати од претходни избори

Избирачки места

Опис на избирачки места

80

Општини

3480

Избирачки места

1 798 110

Вкупен број на избирачи во Избирачкиот список
(Состојба на податоци 01.12.2023)

Skip to content