На 63-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 17.3.2020 година, се потврдија поднесените листи на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, поднесени од ВМРО – ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“ и Демократска унија за интеграција – ДУИ, за Предвремените избори за пратеници во Собранието 2020 година.

Понатаму, беше донесено Решението за неспроведување на гласање во дипломатско – конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Северна Македонија во странство по поднесените листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за Изборната единица 7, за Предвремените избори за пратеници во Собранието 2020 година, кое е донесено согласно извршениот увид во Финалниот извештај за пријавувањето на државјаните на Република Северна Македонија за гласање во Дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Северна Македонија во странство, каде што Државната изборна комисија утврди дека 6096 пријави кои се прифатени, се во согласност со одредбите од член 50-а од Изборниот законик, истите се поднесени во законскиот рок, своерачно се потпишани или се испратена преку апликацијата на Државната изборна комисија со лична електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на претстојните избори и кон истите се приложени бараните докумети, а 1439  пријави кои се одбиени, не се уредни согласно член 50-а ставовите 6 и 8 од Изборниот законик. 

Односно, имајќи предвид дека согласно член 4 став 3 од Изборниот законик во Изборната единица 7, која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија, пратеник може да се избере доколку соодветната листа на кандидати за пратеници освоила најмалку онолкав број на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Северна Македонија на последните парламентарни избори во Република Северна Македонија, а ставот 6 од истиот член предвидува дека доколку во Изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија, ниту една од листите на пратеници не го добила потребниот број на гласови утврден во ставот (3) на овој член, не се избира ниту еден пратеник, Државната изборна комисија го донесе Решението бидејќи потребниот број од 6534 пријави, не беше достигнат.

Истовремено, Државната изборна комисија ја донесе и Одлуката за објавување на описите на избирачките места.

Донесените акти ќе бидат објавени на веб – страницата на Државната изборна комисија.

Skip to content