На Продолжението на 73-та седница на Државната изборна комисија, кое се одржа на 2 јули 2020 година, се изврши случаен избор на претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии, чиишто барања за изземање претходно беа прифатени од страна на Државната изборна комисија.

Државната изборна комисија ги прифати барањата за добивање овластување за набљудувачи за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година, и тоа од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Гласот на Америка, Американската амбасада во Скопје, Амбасадата на Република Албанија и Здружението на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Истовремено, на седницата беше донесена Одлука за бришење на алинеја 2, 3 и 5 од точка 7, од Упатството за набљудување на изборите и изборната постапка, донесено од Државната изборна комисија, во делот на набљудување на изборниот процес од страна на домашни и странски акредитирани набљудувачи, со цел да се овозможи поголема достапност во набљудувањето на изборите, поголема транспаренстност и подобри услови за работа.

Skip to content