Државната изборна комисија постапувајќи по примените приговори за заштита на избирачкото право од подносители кои се наоѓаат во спорни записи врз основа на член 149 став 3 од Изборниот законик {Службен весник на Република Македонија, бр.40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), дава

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ
ПО ПОДНЕСЕНИ ПРИГОВОРИ ЗА ЗАШТИТА НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО ОД ПОДНОСИТЕЛИ
КОИ СЕ НАОЃААТ ВО СПОРНИ ЗАПИСИ

Постапувајќи по приговорите Државната изборна комисија утврди дека подносителите се наоѓаат во списокот на спорни записи произлезеии од аминистративните и теренските проверки.

По извршениот увид во службената документација на Државната изборна комисија се утврди дека подносителите на приговорите во рокот прадвиден за пријавување на спорните записи од 25.07 до 19.08.2016 година, како и за време на јавниот увид од 28,10 до 11.11.2016 година не поднеле пријава согласно член 196-6 од Изборниот законик и истите не се запишани во Избирачкиот список.

Врз основа на горенаведената факгичка состојба, Државната изборна комисија согласно член 149 став 3 од Изборниот законик одлучи овие приговори ДА БИДАТ ОДБИЕНИ…(повеќе)

Skip to content