Врз основа на членовите 127 и 127-а, член 31 став (2) точка 22 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија”, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16) и член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, бр. 01-1089/1 од 04.07.2006 година, Државната изборна комисија на седница1а одржана на 28.12.2016 година, го донесе следниот

ЗАКЛУЧОК
за објавување на конечни резултати и распределба на мандати за избор на пратеници во
Собранието на Република Македонија

I. На спроведените предвремени избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија на 11.12.2016 година и прегласувањето на едно гласачко место, одржано на 25.12.2016 година, Државната изборна комисија врз основа на записниците, образец број 21, од Општинските изборни комисии и записникот, образец број 21 гс/1, ги објавува конечните резултати:

– Вкупен број на избирачи запишани во Избирачкиот список изнесува – 1.784.416 Вкупен број на избирачи кои гласале- 1.191.852

– Процент на избирачи кои гласале – 66,79%

– Вкупен број на неупотребени гласачки ливчиња – 592.557

– Вкупен број на важечки гласачки ливчиња -1.153.984 Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња – 37.870

– Процент на неважечки гласачки ливчиња од избирачите кои гласале – 3,18%

II. Распределбата на мандатите за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија според бројот на вкупните гласови што ги добиле листите на кандидати одделно врз основа на сумираните резултати од општинските изборни комисии за избирачките места во изборните единци за кои се надлежни, се прикажани во табеларен преглед по Изборни единици, кој е составен дел на овој Заклучок.

III. Државната изборна комисија ќе издаде уверенија на кандидатите избрани за пратеници во Собранието на Република Македонија.

IV. Овој Заклучок да се објави на ВЕБ страницата на Државната изборна комисија…(повеќе)

Skip to content