Денес, Државната изборна комисија го започнува процесот на прием на барања за набљудување на Предвремените избори за Градоначалник на Општина Брвеница, 2026 година кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.
Барања за набљудување на изборите може да достават:
– сите домашни здруженија и странски организации, кои се регистрирани согласно со закон, најмалку една година пред денот на одржувањето на изборите, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права,
– меѓународни организации и
– претставници на странски земји.
Подносителите на барањата за следење на изборите поднесуваат Барање за регистрација на набљудувачи на изборен процес достапно на веб страната www.sec.мк.
Домашните здруженија и странски организации, покрај Барањето доставуваат и :
- копија од Статут на здружението,
- копија од регистрација пред надлежен орган
- список на набљудувачи и
- копија од документ за лична идентификација на предложените набљудувачи.
Меѓународните организации и претставници на странски земји, покрај Барањето за набљудување, доставуваат и:
- список на набљудувачи и
- копија од документи за лична идентификација на предложените набљудувачи.
Изборите може да ги следат преставници на домашни и странски медиуми.
Претставниците на странските медиуми поднесуваат барање за акредитација до Државната изборна Комисија со доставување на следните прилози:
- формулар за акредитација на медиуми достапно на веб страната www.sec.мк.
- список на новинари, сниматели, фоторепортери и
- копија од документ за лична идентификација.
Претставниците на медиумите од Република Северна Македонија не подлежат на процес на акредитација.
Барањата со потребните прилози се доставуваат на мејл адресата [email protected], најдоцна десет дена пред денот на гласањето.
Државната изборна комисија ќе издаде овластување на сите подносители за набљудување и следење на изборите кои ги исполнуваат условите најдоцна 7 дена по приемот на барањето.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА


