Државната изборна комисија ја одржа својата 10-та седница, на која ја донесе Одлуката за задолжување на општинските изборни комисии (ОИК) за извршување на нивните законски надлежности утврдени во член 37 став 1, во врска со член 88 ставови 4 и 5 од Изборниот законик, Правилникот за критериумите за определување на надоместок на членовите на изборните органи, изборната администрација и ангажираните лица по налог на ДИК за организирање и спроведување на изборен процес од 14.11.2025 година и Правилникот за дополнување на Правилникот за критериумите за определување на надоместок на членовите на изборните органи, изборната администрација и ангажираните лица по налог на ДИК за организирање и спроведување на изборен процес од 23.04.2026 година, до избор и формирање на нивните нови состави.

Со оглед на тоа што мандатот на актуелните општински изборни комисии е истечен, оваа одлука се донесува со цел да се спречи каков било застој или административни пречки во нивното тековно функционирање. Во тие рамки, понатамошниот ангажман на постојните состави на ОИК првенствено ќе се однесува на спроведување на преостанатите неопходни активности по завршувањето на Локалните избори 2025 година (исплата на надоместоци), како и на итно постапување и преземање соодветни надлежности во случаите кога на член на општински совет му престанува или му е одземен мандатот од причини утврдени во Законот за локалната самоуправа и Изборниот законик.

Дополнително, во рамките на усвоениот дневен ред, Државната изборна комисија едногласно ја донесе и Одлуката за дополнување на Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2026 година, наменета за потребите на Секторот за правни работи, за набавка на нови канцелариски печати и штембили.

10-та седница на Државната изборна комисија

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content