На 35-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 22.4.2019 година, се објавија резултати од првиот круг на гласање за избор на Претседател на Република Северна Македонија, согласно записниците од општинските изборни комисии и избирачките одбори. Според пресметаните утврдени резултати од гласањето спроведено на 21.4.2019 година, вкупниот број на гласови што го добила секоја листа на кандидат за Претседател пооделно изнесува:

  • Кандидатот Блерим Река, добил 79.921 гласови.
  • Кандидатот Гордана Сиљановска Давкова, добила 319.364 гласови и
  • Кандидатот Стево Пендаровски, добил 323.892 гласови.

Согласно член 121 став (1) од Изборниот законик, во вториот круг ќе се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг освоиле најмногу гласови, односно за Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски.

Истовремено, на седницата се одлучуваше по службена должност за гласањето во ИМ 2564 Ѓорче Петров, каде согласно член 151 став (1) алинеја 5 од Изборниот законик, Државната изборна комисија со решение го поништи гласањето во ова Избирачко место, имајќи предвид дека бројот на гласачките ливчиња во гласачката кутија е поголем е бројот на избирачите што гласале.

Бидејќи бројот на гласови не влијае на конечниот резултат, на ова избирачко место ќе се гласа во втор круг, на 5.5.2019 година.

По однос на приговорот за ИМ 006 Берово, се отфрли како недозволен, а се утврди дека избирачкиот одбор не го спровел гласањето на начин утврден со Законикот.

Исто така, Државната изборна комисија одлучи избирачките одбори од овие избирачки места да се разрешат.


ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content