Врз основа на членовите 48, 49 став(З) и 196-6 став (10) во врска со член 31 став 2 точка 44 од Изборниот законик („Службен Весник на Република Македонија”, број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11,142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16,136/16 и 142/16), член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година и Заклучокот на Државната изборна комисија од седницата одржана на 28.10.2016 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 29.10.2016 година, донесе

ОДЛУКА
за отворање на дополнителни канцеларии во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде Државната изборна комисија нема свои подрачни одделенија или канцеларии за вршење на јавен увид во избирачкиот список и за пријавување на граѓаните чии записи во Избирачкиот список се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, за спроведување на предвремени избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 декември 2016 година

1. Се утврдува потребата од отворање на дополнителни канцеларии во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде Државната изборна комисија нема свои подрачни одделенија или канцеларии, за вршење на јавен увид во избирачкиот список и за пријавување на граѓаните чии записи во Избирачкиот список се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список за спроведување на предвремени избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 декември 2016 година… (повеќе)

Skip to content