Упатство за изгледот на беџовите за идентификација на изборните органи, изборната администрација, овластените претставници на подносителите на листа на кандидат, меѓународните и домашните набљудувачи за изборите за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и градоначалник на општина Центар Жупа и изборите за членови на советот на општина Тетово за остатокот од изборниот период, 20 август 2022 година

На 03.06.2022 година Државната изборна комисија ја одржа 53та Седница на која го усвои Финансискиот извештај за реализирани средства за спроведените избори за градоначалник на Општина Центар Жупа каде во постапката за организирање и спроведување на Изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа има потрошено 14,7 % од одобрените буџетски сретства кои беа наменети за организирање и спроведување на Изборите за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и градоначалник на општина Центар Жупа.   

Државната изборна комисија истотака го усвои Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на Државната изборна комисија согласно усвоениот Родовиот акциски план 2021-2024 во насока на подобрување и унапредување на родовата еднаквост во институцијата и стручната служба со тоа што е предвидено работно место на Државен службеник за унапредување на родова еднаквост и спроведување на обуки и тренинг центар. Како единствена од институциите која има донесено Родов акциски план  има за цел подобрување и унапредување на родовата еднаквост и застапеност, подигнување на свеста за родовите прашања и интегрирање на родовите аспекти во внатрешното функционирање и изборните активности на Државната изборна комисија.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), како долгогодишен партнер на Државната изборна комисија, за подрачните одделенија на ДИК беа донирани 46 персонални компјутери, 10 мултифункционални печатачи и 41 инвертер клима уреди.

Целокупната донација е ставена во функција во подрачните одделенија на ДИК и истата веќе се користи. Со ова значително е олеснето функционирањето на оние подрачни одделенија и канцеларии каде опрема недостасуваше, или пак се работеше со застарена опрема.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Институтот за Политички Истражувања – Скопје (ИПИС) во периодот помеѓу 2 и 9 март 2022 спроведе телефонска анкета на национално ниво која беше овозможена од страна на Меѓународната организација за изборни системи – ИФЕС. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за ДИК и за изборите. Анкетата е спроведена на 1115 испитаници.

Постизборно истражување на јавното мислење – Анкета – март 2022

Државната изборна комисија, по спроведените Избори за градоначалник на Општина Центар Жупа на ден 17.04.2022 година ги објавува првичните резултати во законскиот рок врз основа на примените оригинални записници за гласање, сумирање и утврдување на резултати од избирачките места. Истите се достапни на следниот линк: https://www.sec.mk/lokalni-izbori-2022-cenatr-zhupa/

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), на 12 април 2022 година Државната изборна комисија оствари средба со Кетрин Елена, виш глобален правен советник во ИФЕС и директорка на Центарот за антикорупција и доверба во демократијата во ИФЕС.

Елена е експерт по антикорупција, правни и регулаторни рамки, изборна правда, решавање на изборни спорови и проценка на интегритетот на изборите. Таа е и специјален советник на Комитетот за изборно право на Американската адвокатска асоцијација, како и член на научниот комитет на Глобалната мрежа за изборна правда.

Вториот дел од посетата на Елена беше резервиран за одржување на работилница за градење на капацитетите на Правната служба на Државната изборна комисија. На работилницата, меѓу другото, се дискутираше за најдобрите практики и компаративни примери за правни сектори во изборни комисии ширум Светот.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На 5 и 6 април оваа година, претставници на Државната изборна комисија учествуваа на дводневна Конференција за интегритет на изборите во новата информатичка средина.

Настанот беше во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), во партнерство со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамките на проектот „Северна Македонија – активност за поддршка на изборите“ поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID).

Конференцијата имаше за цел да се презентираат и анализираат меѓународни практики во областа на политичкото рекламирање, онлајн медиумите, социјалните и традиционалните медиуми, дезинформациите и улогата на регулаторните тела. Во текот на првиот ден од конференцијата се одржа и презентација на наодите од истражувањето и анализата на медиумите и изборите. Говорници на панел дискусиите беа реномирани меѓународни и домашни експерти. Во текот на вториот ден тема на дискусија беше начинот на финансирање на изборните кампањи на политичките партии и нивна контрола.

Конференцијата овозможи размена на мислење и искуства со членови на високи тела и стручни организации, како Европскиот парламент, Европската платформа на регулаторни тела (EPRA), Европската регулаторна група за аудиовизуелни медиумски услуги (ERGA), Комитетот на експерти на Советот на Европа за медиумска средина и реформи, AGCOM – Италијанско регулаторно тело за комуникации, Авторитетот на аудиовизуелни медиуми на Албанија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државна комисија за спречување на корупција, политички партии и други.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Делегација од Државната изборна комисија (ДИК), предводена од претседателот Александар Даштевски, составена од членовите Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Оливер Ристовски, на покана на Републичката изборна комисија на Република Србија (РИК) беше во службена посета на Белград за набљудување на претседателските, парламентарните и локалните избори, кои се одржаа на 3 април.

Делегацијата на ДИК оствари средба со претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, со цел размена на искуства за изборното законодавство, изборниот процес и работата на изборните органи и други институции при спроведувањето на изборите.

ДИК беше непосредно присутна и на повеќе избирачки места во Белград за време на гласањето и оствари контакти со претставниците на избирачките одбори.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content