Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, во просториите на ДИК,  се сретна со шефот на политичкиот и економски оддел во Амбасадата на Соединетите Американски Држави  во Република Северна Македонија, Дејвид Маерс.

На средбата беше разговарано за подготвеноста на ДИК за спроведување на локалните избори како и запознавање со текот на активностите кои се преземаат согласно законските надлежности и рокови.  Претседателот на ДИК го информираше претставникот на Амбасадата на САД во Северна Македонија за дејствијата што ДИК ги презема во насока на спроведување на фер и демократски избори и укажа на напорите што се вложуваат за непречано да се реализира изборниот процес. При тоа беше нагласено дека ДИК е подготвена да одговори на сите предизвици и дека одржува дoбра меѓуинституционална соработка со надлежните институции  со цел успешно организиран изборен процес.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Денеска членовите на Државната изборна комисија одржаа работен состанок со претставници на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) со цел меѓусебната координација и усогласување на активностите со цел успешно извршување на сите неопходни дејствија и создавање услови за непречено спроведување на изборите.

Со оглед дека се работи за организација на локални избори каде што општините имаат одредени законски надлежности и обврски на состанокот беа договорени и утврдени обврските околу логистичка и техничка поддршка при спроведувањето на определени активности.

Двете страни ја истакнаа својата заложба кон исполнување на законските обврски со цел да се овозможи фер, транспарентен и демократски изборен процес. Посебен акцент беше ставен на важноста од соработка и меѓусебна координација меѓу Државната изборна комисија и општините, како предуслов за успешно организирање и спроведување на изборите.

Државната изборна комисија и претставниците на ЗЕЛС нагласија дека со заеднички ангажман и одговорност, остануваат целосно посветени на обезбедување изборен процес кој ќе ја одрази волјата на граѓаните бидејќи квалитетното спроведување на изборите е од суштинско значење за градењето доверба кај граѓаните и за унапредување на демократските процеси во државата.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Државната изборна комисија на секои избори одржува редовни работни состаноци со Министерството за внатрешни работи за сите прашања поврзани со конкретните законски надлежности на секоја од институциите во изборниот процес а за утврдување на начините на службената комуникација и за меѓусебна координација и организација при спроведување на изборите во делот на своите овластувања.

Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи ќе ги превземат сите законски обврски со цел непречано и навремено спроведување на сите изборни дејствија во интерес на довербата и транспарентноста на изборите. МВР согласно своите овластувања, по барање на ДИК, ќе ја даде потребната поддршка на активностите на изборните органи и обезбедување на изборниот материјал, а по проценка на ДИК и друга соодветна поддршка.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На ден 21.08.2025 година, на барање на Делегацијата на ЕУ, во просториите на Државната изборната комисија, се одржа официјална средба на Заменик Шефот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау и Кијара Бискалди, политички офицер, со Претседателот на ДИК, Борис Кондарко и Генералната секретарка на ДИК, Ивана Костадиноска.

Средбата е продолжение на претходните воспоставени контакти, соработка и подршка во насока на меѓусебно информирање и појаснување на текот на сите активности на ДИК поврзани со изборниот процес и поединечни дејствија за организација на изборите согласно Изборниот законик и надлежностите на ДИК.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Државната изборна комисија ги известува радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали), кои ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за Избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во 2025 година, дека се должни да се регистрираат во Државната изборна комисија, во рок од 3 дена од денот на распишување на изборите.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) доставуваат „Барање за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во 2025 година“ до Државната изборна комисија, задолжително со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постара од 30 дена.

Барањата за упис со прилог тековна состојба се поднесуваат електронски на следната електронска адреса: [email protected] или во архивата на ДИК на бул.„Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје (најдоцна до 24:00 часот на 12 август 2025 година).

Врз основа на поднесените барања за упис, Државната изборна комисија ќе изготви „Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во2025 година“ кои ќе даваат услуги на платено политичко рекламирање за време на Избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во2025 година. Регистарот со уредно поднесени и прифатени барања за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во2025 година ќе биде јавно објавен на интернет страната на Комисијата.

Врз основа на поднесените барања за упис, Државната изборна комисија ќе изготви „Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во2025 година“ кои ќе даваат услуги на платено политичко рекламирање за време на Избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во 2025 година. Регистарот со уредно поднесени и прифатени барања за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во 2025 година ќе биде јавно објавен на интернет страната на Комисијата.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес (најдоцна на 14 август 2025 година до 24:00 часот).

Радиодифузерите и печатените медиуми се должни ценовниците за секој медиум одделно за платено политичко рекламирање да ги применуваат и за време на изборната кампања и притоа просечната цена (аритметичка средина) по секунда за едно деноноќие добиена според различните ценовно-рекламни временски периоди и тоа: Период 1 – од 00:00 до 08:00 часот, Период 2 – од 08:00 до 16:00 часот и Период 3 – од 16:00 до 24:00 часот кај радиодифузерите за платено политичко рекламирање, како и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум да не ја надминува вкупната просечна цена на рекламирање на секој радиодифузер одделно пресметана во последните пет изминати изборни циклуси одржани на ниво на цела територија на државата и тоа за Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2024 година, Изборите за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје во 2021 година, Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2020 година и Изборите за Претседател на Република Северна Македонија во 2019 година, а за електронските медиуми (интернет порталите) цената за закуп на рекламен простор на интернет порталот за платено политичко рекламирање да не ја надминува просечната цена за рекламирање пресметана, за последните пет изминати изборни циклуси.

За Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) кои не учествувале на сите изминати 5 изборни циклуси цената за платено политичко рекламирање не може да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси согласно Упатство за начинот и постапката за потврдување на просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање за радиодифузер, печатени медиуми и електронски портали (интернет портали) кои не учествувале на последните пет изборни циклуси донесено од страна на Државната изборна комисија со бр.08-441/1 од 14.02.2024 година.

Државната изборна комисија е должна да ги потврди и објави на нејзината веб страна доставените ценовници со просечно пресметаните цени утврдено од радиодифузерите и печатените медиуми, како и да ги објави ценовниците со цените утврдени од електронските медиуми (интернет порталите), согласно член 75-ѓ став (3) и (9) од ИЗ, во рок од 10 дена од истекот на рокот за доставување на ценовниците утврдени во ставот (3) на овој член.

Доколку Државната изборна комисија утврди неправилности во ценовниците од радиодифузерите и печатените медиуми го известува соодветниот медиум да изврши корекција на ценовникот во рок од 72 часа од приемот на известувањето.

Архивата на Државната изборна комисија ќе работи на прием на барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) на ден 12.08.2025 година (вторник), до 24:00 часот.

Напомена: Во предвид ќе се земат само доставените барања за упис во Регистарот исклучиво на горенаведената електронска пошта [email protected] или до архивата на Државната изборна комисија.

Упатство за начинот и постапката за потврдување на просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање за радиодифузери, печатени медиуми и електронски портали (интернет портали) кои не учествувале на последните пет изборни циклуси

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Денес, Државната изборна комисија го започнува процесот на прием на барања за набљудување на Локалните избори 2025 година. 

Барања за набљудување на изборите може да достават:

  • сите домашни здруженија и странски организации, кои се регистрирани согласно со закон, најмалку една година пред денот на одржувањето на изборите, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права,
  • меѓународни организации и
  • претставници на странски земји вклучително и претставници на медиуми

Подносителите на барањата за следење на изборите поднесуваат Барање за регистрација на набљудувачи на изборен процес, додека претставниците на странските медиуми поднесуваат Формулар за акредитација на медиуми. Двете барања се достапни на веб страната www.sec.мк.

Домашните здруженија и странски организации, покрај Барањето доставуваат и Копија од Статут на здружението, копија од регистрација пред надлежен орган, список на набљудувачи и копија од документ за идентификација на предложените набљудувачи.

Меѓународните организации и претставници на странски земји, покрај Барањето за набљудување, доставуваат и Список на набљудувачи и копија од документи за идентификација на предложените набљудувачи.

Претставниците на странските медиуми покрај Барањето за акредитација на медиуми, доставуваат список на новинари, сниматели, фоторепортери и копија од документ за идентификација.

Претставниците на медиумите од Република Северна Македонија не подлежат на процес на акредитација.

Барањата со потребните прилози се доставуваат на мејл адресата [email protected], најдоцна десет дена пред денот на гласање, односно најдоцна до 08 октомври 2025 година до 24.00 часот.

Државната изборна комисија ќе издаде овластување на сите подносители за набљудување и следење на изборите кои ги исполнуваат условите најдоцна 7 дена по приемот на барањето.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА


Државната изборна комисија на ден 09.08.2025 година, со почеток во 17:00 часот, ја одржа својата 128. седница во која што беа разгледани и едногласно усвоени вкупно дванаесет точки на дневен ред, поврзани со подготовките за спроведување на Локалните избори 2025 година, и тоа:

  1. Роковник за изборни дејствија за претстојните локални избори;
  2. Упатство за утврдување на цена за платено политичко рекламирање за медиуми кои не учествувале во последните пет изборни циклуси;
  3. Упатство за реализација на средства од страна на Општинските изборни комисии;
  4. Заклучок за ставање вон сила на постоечки Правилник за постапка за собирање потписи и определување на нотари;
  5. Одлука за формирање на помошни тела на Комисијата за изборните активности;
  6. Одлука за утврдување на трошоци за спроведување на изборите;
  7. Образец за службени возила, доставен од Државната комисија за спречување на корупција;
  8. Барање до Министерството за внатрешни работи за ажурирање на Избирачкиот список;
  9. Известување до медиумите за регистрација за платено политичко рекламирање;
  10. Заклучоци за доставување на акти до надлежни институции, вклучувајќи:
    • Барања за податоци од јавната администрација,
    • Барања до судовите за лица со деловна неспособност,
    • Известувања до локалната самоуправа за технички услови за изборите;
  11. Задолжување на Општинските изборни комисии да ги започнат подготовките за изборите;
  12. Информација за процесот на набљудување на Локалните избори 2025;
    Комисијата ја нагласува својата посветеност кон фер, транспарентен и законит изборен процес, и ги повикува сите вклучени страни – институции, медиуми, политички субјекти и граѓани – да дадат активен придонес кон успешно спроведување на претстојните локални избори.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА


за вработување на двајца извршители на определено време во траење до 31 декември 2025 година во Државната изборна комисија за следните работни места:


за вработување на државни службеници од група I, подгрупа I во Државна изборна комисија за следните работни места:

УПР0101В04000 Помлад соработник – aсистент за изработка на материјали за правна служба, Одделение за правни работи (правна служба), Сектор за правни работи (правна служба) и стручно-административни работи


за вработување на државен службеник од група I, подгрупа I во Државна изборна комисија за следните работни места:

УПР0101В04000 Помлад соработник за односи со јавноста и подготовка и организирање на прес конференции, брифинзи, интервјуа и соопштенија, Одделение за информирање на јавноста и едукација на граѓаните, Сектор за континуирани обуки, односи со јавност и меѓународна соработка


за вработување на државен службеник од група I, подгрупа I во Државна изборна комисија за следните работни места:

УПР0101В04000 Помлад соработник за прибирање на финансиски документи, Одделение за сметководство и плаќања, Сектор за финансиски прашања


за вработување на државен службеник од група I, подгрупа I во Државна изборна комисија за следните работни места:

УПР0101Г01000 Самостоен референт за евиденција и соработка со изборни органи, Одделение за континуирани обуки – Центар за обуки, Сектор за континуирани обуки, односи со јавност и меѓународна соработка


за вработување на државен службеник од група I, подгрупа I во Државна изборна комисија за следните работни места:

УПР0101В01000 Советник за правни работи, Одделение за правни работи (правна служба), Сектор за правни работи (правна служба) и стручно административни работи

Skip to content