На 26.2.2020 година (среда) во седиштето на Државната изборна комисија се одржа работен состанок на кој учествуваa Државната изборна комисија, д-р Рената Дескоска, министер за правда, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Имајќи предвид дека се донесени изменувања и дополнувања на Изборниот законик, целта на овој состанок беше да се изнајде начин за да се одговори најдобро на новите предизвици кои произлегуваат и со кои ќе се соочуваат во текот на спроведувањето на Предвремените парламентарни избори 2020 година.

Посебно беше разгледано прашањето за финансирањето на политичката кампања, со што беше утврдено дека за истото ќе се одржи нова работна средба, на која ќе биде потребно да присуствуваат и претставници од Министерството за финансии.

По однос на сите прашања и активности за спроведување на изборниот циклус, Државната изборна комисија на работниот состанок им укажа на присутните дека им стои на располагање и соработка во рамките на својата надлежност.

Skip to content