По повод денешните тврдења на г – динот Џабир Дерала во весникот Слободен печат во кои говори за “луксузен престој” на членовите на Државната изборна комисија во хотел Радика, 48 часа пред парламентарните избори во 2016 година, Државната изборна комисија остро ги демантира и ги отфрла ваквите наводи како тотално невистинити и тенденциозни.

Државната изборна комисија ја информира јавноста дека престојот во хотел Радика всушност беше РАБОТИЛНИЦА за постапување и решавање на поднесени приговори во пресрет на локалните избори и поттикнување на меѓуинституционална соработка која се одржа на 30 мај – 1 јуни 2017 година, со подршка на:

  1. Мисијата на ОБСЕ во Скопје;
  2. Венецијанската комисија;
  3. Европската Унија;
  4. Советот на Европа;
  5. Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС;

На оваа работилница присуствуваа претставници од повеке државни институции, невладини организации, Мисијата на ОБСЕ, Венецијанската комисија и Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС.

На истата таа работилница присуствуваше и г-динот Џабир Дерала кој добро знае дека сите трошоци за престојот беа покриени од страна на Меѓународна фондација за изборни системи – ИФЕС и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

Pdf 2Демант на натписот од Слободен печат.pdf

 

Skip to content