Државната изборна комисија известува дека засилено се одвиваат подготовките за отпочнување на теренските проверки. Завршено е печатењето на материјалите неопходни за спроведување на проверките, а во тек е процесот на нивно дистрибуирање до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.
Во исто време се одвива и едукацијата на ангажираните анкетари, која ја спроведуваат контролорите, односно вработените во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
Веднаш по завршувањето на овие два процеса кои паралелно се одвиваат, ќе стартуваат и теренските проверки.
Во однос на информациите кои се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на ЦД-а со податоци од вкрстените проверки, Државната изборна комисија известува дека на барање на членови на Комисијата, а единствено во рамките на правото за добивање на тие податоци и вршењето на нивните надлежности како членови на ДИК, истите им се издадени.
Државната изборна комисија на првата наредна седница ќе расправа за можноста сите неконзистентни записи да се објават на интернет страницата на ДИК, заради транспарентност на процесот.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Рекламни паноа и билборди
Превземи (Рекламни паноа и билборди)
Пријава за гласање за предвремени избори за пратеници во Собранието на РМ на 05.06.2016 во конзуларните канцеларии
Превземи (Пријава за гласање за предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 5 јуни 2016 година во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии)
Барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список
Превземи (Барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список)
Јавен повик за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија
ЈАВЕН ПОВИК за распишување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија
ЈАВНИ ПОЗИВ за расписивање Превремених избора за посланике у Скупштину Републике Македоније
THIRRJE PUBLIKE për shpalljen e Zgjedhjeve të parakohshme për deputetë në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë
ЈАVNI PОZIV zа rаspisivаnjе Prijеvrеmеnih izbоrа zа pоslаnikе u Skupštinu Rеpublikе Маkеdоniје
Makedonya Cumhuriyeti Meclisi Milletvekilleri Erken Seçimine İlişkin KAMU İLANI
PUBLIK AKHARIN baši hramonkerine Anglivakteskere alusariba bašo deputatia ko Republika Makedoniakoro Khedipe
Решение за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на РМ
Преземи (Решение за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија)
Роковник
Роковник за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија 15 април – 5 јуни 2016 година
Список на лица кои не се сретнале со анкетарот
Лица за кои во анкетниот лист не постои одговор зошто не се сретнале со анкетарот
Статистика за внесени податоци
Статистика за внесени податоци по анкетни листови
Преглед на примени прашалници
Преглед на примени прашалници сортирани по основи
Извештај за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки
Извештај за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на избирачкиот список врз основа на правилникот за методологија за водење и ажурирање на избирачкиот список (заклучно со 05.04.2016)
Соопштение
Почитувани претставници на медиумите,
Државната изборна комисија на ден 6 април 2016 година, со почеток во 10:00 часот, ќе одржи јавна седница во која ќе се расправа по следниот дневен ред :
1. Разгледување на Извештајот за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список (заклучно со 05.04.2016); и
2. Разно.
Ве покануваме да присуствувате во истата.
Соопштение до медиумите
Државната изборна комисија информира дека теренските проверки на Избирачкиот список се спроведуваат во согласност со определената динамика. Над 550 анкетари во сите 80 општини на територијата на Република Македонија, почнувајќи од 28 март непрекинато работат во периодот од 8:30 до 19:00 часот. Теренските проверки во сите подрачни одделенија на Државната изборна комисија се во завршна фаза.
Државната изборна комисија во моментов е фокусирана на внес и обработка на податоците од анкетните прашалници во единствената електронска апликација. Се прават напори сите податоци да бидат на време внесени и соодветно обработени.
Државната изборна комисија истакнува дека информациите кои се појавија во определени медиуми, а кои се однесуваат на наводно намерно кочење на процесот на теренски проверки, се невистинити. Сите членови на Државната изборна комисија и нејзината Стручна служба се целосно посветени теренските проверки навремено да бидат завршени.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Кодекс за набљудување на теренските проверки на избирачкиот список 2016 година
Кодекс за набљудување на теренските проверки на избирачкиот список 2016 година
Соопштение до медиумите
Државната изборна комисија известува дека засилено се одвиваат подготовките за отпочнување на теренските проверки. Завршено е печатењето на материјалите неопходни за спроведување на проверките, а во тек е процесот на нивно дистрибуирање до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.
Во исто време се одвива и едукацијата на ангажираните анкетари, која ја спроведуваат контролорите, односно вработените во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
Веднаш по завршувањето на овие два процеса кои паралелно се одвиваат, ќе стартуваат и теренските проверки.
Во однос на информациите кои се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на ЦД-а со податоци од вкрстените проверки, Државната изборна комисија известува дека на барање на членови на Комисијата, а единствено во рамките на правото за добивање на тие податоци и вршењето на нивните надлежности како членови на ДИК, истите им се издадени.
Државната изборна комисија на првата наредна седница ќе расправа за можноста сите неконзистентни записи да се објават на интернет страницата на ДИК, заради транспарентност на процесот.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Анекс на Извештајот од проверките и статистичките анализи
Анекс на Извештајот од проверките и статистичките анализи, вкрстените проверки на различни бази на податоци и евиденции заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на избирачкиот список.
Извештај од проверките и статистичките анализи
Извештај од проверките и статистичките анализи, вкрстените проверки на различни бази на податоци и евиденции заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на избирачкиот список
ИНФОРМАТИВНА КАМПАЊА „ОТВОРЕНИ ВРАТИ“
Затворање на опцијата за пријавување на неконзистентни записи во Избирачкиот список преку веб страницата на ДИК
Државната изборна комисија известува дека од 13 март 2016 година – недела во 24:00 часот, опцијата за пријавување на неконзистентни записи во Избирачкиот список на веб страницата на Државната изборна комисија ќе биде затворена. Ова од причина што за пристигнатите пријави е потребно време Државната изборна комисија соодветно да ги обработи, да ги спореди со податоците од вкрстените проверки и да утврди кои од пријавените случаи треба да бидат предмет на теренска проверка. Read more
Конкурс за вработување на 10 (десет) извршители на определено време во траење до 31 декември 2016 година во Државната Изборна Комисија
ЈАВЕН ПОВИК за избор на две ИТ Компании/експерти кои ќе ја извршат вкрстената проверка на базите на податоци на државните органи кои што располагаат со регистри на граѓани по различни основи
http://www.sec.mk/files/javen-povik-za-izbor-na-IT-kompanii.pdf